08 Октомври, 2024
0.0282

И денес не стивнуваат реакциите по инцидентот на Мечкин Камен: Кој прв испровоцира во Крушево?

Објавено во: Македонија 03 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ, најголемата опозициска партија, и денес го осудија скандирањето на зборот „Северна“ на Мечкин Камен за време на вчерашната прослава на Денот на републиката во Крушево. Од таму тврдат дека објавеното видео е автентично и дека таборот кој ја поддржува актуелната власт не требало да иритира со вакви извици на денот на националниот празник Илинден.

„Овие што скандираа Северна се освестија ли каде живеат? 
Се освестија ли дека Заеви и СДСМ секој ден се сè побогати, а истите што скандираа се сè посиромашни?
За другарче прашувам најгласно што било вчера, а пред 2 недели ми се жалеше дека во лоша ситуација бил...“, коментира денеска Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според видеото, на кое за малку е избегнат инцидент помеѓу две групи, моѓе да се заклучи дека прво едните го извикуваат слоганот „Никогаш Северна, само Македонија!“, на што другите возвраќаат со „Северна, Северна!“

Советникот за односи со јавност во Владата, Марјан Забрчанец, тврди дека е монтажа видеото кое се прошири на дел од порталите дека вчера на Мечкин Камен се скандирало „Северна, Северна“. Ова видео го објавија портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ со објаснуваше дека скандираат членови на СДСМ.

„Дезинформаторите шират срамна монтажа во која лажат дека граѓаните наводно скандирале “Северна Северна” на Мечкин Камен.
Тоа е лажна, фејк, тажна продукција од нивните подрумски центри за манипулација. Тоа доаѓа од оние кои не можат да се помират дека во нашата земја доминира и победува концептот на заедништвото“, напиша Забрчанец на својот профил на Фејсбук.



Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл