19 Мај, 2024
0.0257

И драхмата нема да ги спаси Грците

Објавено во: Балкан, Економија 30 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Многумина влијателни економисти со години тврдат дека за Грција ќе биде најдобро ако се врати на драхмата. Таа би требало да ја спаси нивната земја, и тоа релативно брзо.

Така ли е навистина?

Излегувањето на Грција од еврозоната станува се поверојатно. Зашто дојде ли до несолвентност, државните хартии од вредност, чувани од грчките банки, ќе се покажат без вредност. Досега тие служеа како гаранција за обезбедување на кредитите добиени од ЕЦБ. Без овие „гаранции“ сепак ЕЦБ е должна да престане да доделува итна помош за грчките банки, бидејќи нема право да одржува еден банкарски систем кој не е ликвиден. Така Грција би останала „отсечена“ од свежите пари, а со тоа фактички и од монетарната унија.

Во една таква ситуација Грција би можела да се обиде да ја врати назад драхмата. Многумина експерти со години тврдат дека ова е најдобрата можност: трајно враќање на грчката конкурентност преку драстична девалвација за речиси 50%. Предностите, според нив, се следниве: патувањата до Грција ќе станат значително поевтини, што би ја засилила туристичка индустрија важна за земјата . Грчкиот извоз исто би поевтинил што ќе го стимулира домашното производство. Но има и еден сериозен недостаток: стоките и услугите кои се увезуваат однадвор, би станале значително поскапи, кои брзо ќе се видат во една земја како Грција, која увезува од странство речиси половина од сите прехранбени производи и околу четири петтини од нејзината потребна енергија.

Шефот на минхенскиот Институт за економски истражувања Ханс Вернер Зин со години наназад тврди дека дури самото враќањето кон старата национална валута би можело да ја спаси грчката економија: „Само по една до три години сè ќе се промени на подобро, невработеноста ќе се намали, а благодарение на евтината драхма Грција ќе може да ги извезува своите производи на европскиот пазар и да привлекува како туристи, така и инвеститори“, тврди економистот.

А долговите?

Само што и новата драхма би имала еден главен хендикеп: без разлика што ќе се случи со понатамошните, грчки долгови нема да испарат - тие ќе продолжат да надвиснуваат на буџетот, само во евра! Значи вредноста на преземените долгови одеднаш ќе се покачи драстично.

Враќањето на драхмата не е алтернатива и поради една друга причина: премногу сомнително е дали после потребната девалвација на новата валута навистина ќе дојде до брз успех во увозната сфера. Покрај маслинки и цемент, Грција нема речиси никакви други производи, кои се ценети на меѓународниот пазар. А за изградба на индустријата што произведува стоки за извоз, е потребен увоз, кој пак едвај би бил можен во условите на евтината драхма.

drahma evro

Постојат и други причини поради кои враќањето на драхмата би можело да се покаже како целосен неуспех. Според Нилс Кадрицке, за една ваква акција треба многу прецизно планирање и исклучително добра организација - работи со кои грчката бирократија едвај би се справила, уште помалку пак под капата на една влада без владеачките искуство. И уште нешто, не треба да заборавиме, наведува Кадрицке: слична операција бара дисциплина и приватност, а тоа се квалитети кои се туѓи на целата политичка класа во Грција.

Грците и парите

Од друг аспект обрнува внимание познавач на Грција, Јенс Бастиан: „Огромното одобрување на Грците за еврото се должи најмногу на недовербата што ја чувствуваат кон сопствената политичка елита. Тие едноставно не сакаат владетелите да имаат пристап до машината за печатење пари“ , објаснува Бастиан.

А Нилс Кадрицке обрнува внимание на уште една потенцијална опасност: „Враќањето на драхмата би се претворило во социјално врзани слоеви од населението во целосно беспомошна жртва на малкумина имателите на евра, кои буквално би ја откупиле земјата. Како резултат од тоа ќе дојде до најголемата редистрибуција на добрата во Европа од доаѓањето на капитализмот во поранешниот СССР“.

Германската влада во меѓувреме се мисли дали ЕУ може да го поднесе излегувањето на Грција од еврозоната - вклучувајќи и поради тоа што другите земји во криза како што се Шпанија, Португалија и Ирска повторно покажуваат знаци на економско заживување. Покрај тоа, ЕУ и ЕЦБ веќе располагаат со заштитни мерки, кои се во состојба да го спречат пренесувањето на грчката криза кон другите земји од еврозоната. Една од овие мерки е Европскиот стабилизационен механизам кој во случај на потреба може да помага на држави се до 500 милијарди евра.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс