И ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ СО МИЗЕРНИ ПРИМАЊА: Повеќе од една третина имаат пензија помала од 1.000 евра
Објавено во: Економија 15 Јануари, 2023 21:44
Германското
Министерство за труд пресмета дека повеќе од 2,7 милиони вредни жени се пензионираат
со мизерни примања. Милиони жени во Германија кои работат со полно работно време
и по 40 години стаж се пензионираат со пензија помала од илјада евра.
Тие работат со полно работно време, плаќаат придонеси за пензија со децении и конечно добиваат мини пензија, велат левичарските политичари кои побараа одговор од Федералното министерство за примањата на жените кои заминуваат во пензија.
Од вкупно 7,1 милион постојано вработени жени, 2,7 милиони или 38 отсто чекаат мала пензија.
За да добијат месечна пензија од 1.000 евра нето, вработените во моментов треба да заработуваат 2.844 евра бруто месечно за 40 години.
За да го остварат правото на пензија од 1.200 евра, на вработените им е потребна бруто месечна плата од 3.413 евра за 40 години, се наведува во одговорот на министерството.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци




