03 Мај, 2024
0.2994

И граѓаните ќе одат во стечај: Владата скрои нова програма

Објавено во: Економија 27 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Предлогот за новата Влада е доставен до Собранието, а заедно со списокот мандатарот Зоран Заев вчера ја достави и програмата за работа на Владата која ќе се гласа викендов. Тој вчера потврди дека оваа Влада во следниот мандат ќе се посвети на домашни прашања. Пандемијата на Ковид-19 има редови во програмата, но испишани и се и многу планови за економијата. Фактор вчера објави за дел од даночните измени кои се предвидуваат, но според програмата има ветување и за измени во Планот за економски раст за кој е планирано зголемување на Фондот од најмалку 20 отсто на годишно ниво. Така Владата на Заев се обврзува да овозможи да се основа фирма со основна главнина од 1 евро и да ја укине фирмарината за првите две години за сите новоосновани компании. 

„Ќе овозможиме основање на фирма со минимален износ на основна главнина од 1 евро. Со оваа мерка граѓаните имаат можност да основаат фирма со минимални трошоци и да ги реализираат своите идеи и бизнис планови преку новоотворени фирми. Ние веруваме дека македонските граѓани имаат идеи, а бидејќи идеите се капитал, го отвораме бизнис секторот, го правиме достапен за сите и повикуваме на натпревар на идеи и конкурентност, стои во програмата.

Измените во делот на фирмарината ќе се прави за да се намалат трошоците за добивање правна документација за потребите на бизнисот (документи од Централен регистар, царина, документација за учество на тендери и останати државни институции). Валадата така, најавува драстично намалување на цената за издавање тековна состојба.

„Нашата цел е да создадеме амбиент за динамичен и конкурентен бизнис, ослободен од политичките влијанија, намалување на административните процедури и бариери, а со целосно искористување на претприемачкиот дух и знаења на домашниот човечки капитал. Трансформацијата на економијата ќе биде следена со серија добро осмислени, практични и оставрливи мерки за поддршка, кои реално ќе помогнат нашиот бизнис да биде растечки, развоен и одржлив. Како и досега, клучната поддршка ќе биде токму на движечката сила на нашата економија, на најголемиот сектор за вработување, создавач на вредноста и најсилниот потрошувач, а тоа се микро и малите компании, пишува во програмата.

Владата ќе го укине данокот на личен доход  (персонален данок) за категорија обука, квалификации, добивање лиценци.Ветува и дека ќе го започне процесот на намалување на парафискалните давачки до 75 проценти и нивно нивелирање согласно големината на стопанските субјекти, преку дијалог со стопанските комори. 

„Ќе создадеме регистар на парафискални давачки кој ќе биде редовно ажуриран и дополнуван, со што компаниите во секое  време  ќе  имаат увид и ќе можат соодветно да ги планираат своите финансиски активности. Така на пример, ќе го укинеме надоместокот за поврзување на фискалниот апарат со серверите на УЈП и надоместокот за контрола на промет што го врши УЈП, прецизно ќе се регулира сервисирањето на фискалните апарати кај претпријатијата и тоа ќе биде бесплатно за сите трговски субјекти што користат фискални апарати, ќе се зголеми временскиот рок за менување на СИМ-картичка од фискална каса од една година на 3 години, ќе го ограничиме износот на цената на задолжителните  систематски прегледи на вработените, стои во програмата.

Планирано е да се воведе „здравствен“ и „пензионерски“ туризам за домашните и странските пензионери, по примерот на успешните практики на развиените туристички дестинации.

Инаку меѓу ветувањата е и нов Закон за личен стечај како модел за заштита на животните потреби на должникот преку неизвршување на неговиот долг во определена висина, спречување на нови задолжувања, но и на доверителите, кои ќе можат да наплатат реална вредност. Со ваков закон нема да се креира систем на должничка спирала, сметаат креаторите на програмата.

Планирано е редовно да се објавува бела листа на даночни обврзници, односно компании кои редовни ги исплаќаат своите даночни обврски. 

Во Законот за финансиска дисциплина ќе се вклучат и државните и владините институции и ќе ги изедначиме со обврските на приватниот сектор.

Владата најавува измени во законодт на додадена вредност, постепено намалување на персоналецот за ИТ индустријата. Сите детали за даночните измени овде.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите