18 Март, 2025
0.0667

И ХОЛАНДИЈА НИ ПРУЖИ РАКА: Тамошните центри за третман на изгореници, подготвени да примат повредени од несреќата во Кочани

Објавено во: Македонија 17 Март, 2025 09:12

Добивај вести на Viber

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген, Бевервајк и Ротердам се подготвуваат да примат и да лекуваат жртви од пожарот во ноќен клуб во  Македонија,  изјави портпарол на Холандската фондација за третман на изгореници за јавниот сервис NOS. 

- Сè уште не е познато дали некои од повредените ќе бидат пренесени во Холандија на лекување, изјави портпаролот, пренесува НЛ Тајмс. -Во моментов се проценува тежината на изгорениците, а потоа Европската асоцијација за третман на изгореници ќе одлучи дали некои од пациентите ќе бидат лекувани во Холандија, појасни претставникот.

Дополнително, во тек се разговори за можноста холандски лекари и медицински сестри да отпатуваат во Северна Македонија за да помогнат, изјави Пол ван Зујлен, пластичен хирург и директор на центарот за изгореници во Бевервајк, за RTL Nieuws. Според него, сè уште нема многу информации за состојбата на жртвите, но очекува сериозни повреди. - Фактот дека веќе има речиси 60 загинати зборува доволно. Ова морало да има огромно влијание и врз останатите повредени, потенцира хирургот. 


Можеби ќе ве интересира

„ВО ИМЕ НА БОГА ВЕ МОЛАМ, ОСТАВЕТЕ ДА ГИ ЗАКОПАМЕ ТИЕ ДЕЧИЊА“: Еве како свештеник ги смири луѓето што протестираа во Кочани

„ВО ИМЕ НА БОГА ВЕ МОЛАМ, ОСТАВЕТЕ ДА ГИ ЗАКОПАМЕ ТИЕ ДЕЧИЊА“: Еве како свештеник ги смири луѓето што протестираа во Кочани

ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД АЗБЕСТОТ СЕ СТРАШНИ: Д-р Трајковски објасни какви се последиците откако се обзнани дека во дискотеката имало азбестен кров, а постои опасност голем број од повредените да го вдишале

ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД АЗБЕСТОТ СЕ СТРАШНИ: Д-р Трајковски објасни какви се последиците откако се обзнани дека во дискотеката имало азбестен кров, а постои опасност голем број од повредените да го вдишале

ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ: Обвинителство објави детали

ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ: Обвинителство објави детали

Четворица повредени пренесени во болница во Литванија

Четворица повредени пренесени во болница во Литванија

Уапсен и Горан Трајковски Штраус, поранешниот директор на ДПИ

Уапсен и Горан Трајковски Штраус, поранешниот директор на ДПИ

Тошковски ги брани функционерите од ВМРО-ДПМНЕ: Овие дејствија се преземани во минатото, не се преземани денес

Тошковски ги брани функционерите од ВМРО-ДПМНЕ: Овие дејствија се преземани во минатото, не се преземани денес

(ВИДЕО) Посебни гробни места во Кочани

(ВИДЕО) Посебни гробни места во Кочани

Најчевска: Уапсен продавачот на билети!

Најчевска: Уапсен продавачот на билети!

За утре закажан протест во Скопје

За утре закажан протест во Скопје