„СКАПАНИОТ СИСТЕМ НЕМА ДА ИСПОРАЧА БЕЗ ГРАЃАНСКИ ПРИТИСОК“: Се огласи и екс министерот за надворешни работи, Никола Димитров

Објавено во: Македонија 18 Март, 2025 07:20
Без една револуција на совеста, кај секој од нас, прво дома пред огледало, нема ресет. Посебно за нашата генерација, тие кои не успеавме на младите да им обезбедиме колку толку функционална држава, барем таква каква што имавме кога ние бевме студенти, објави на фејсбук, Никола Димитров.
„Потоа, да не се лажеме, меѓу притисок врз скапаниот систем и некакво чекање во надеж дека конечно тој ќе испорача без притисок, нема никаква дилема.
И со најдобри намери, скапаниот систем нема да испорача без граѓански притисок. Со години граден на погрешна партиска основа, на замижување, на слепа лојалност наместо на интегритет и квалификации, тој тешко дека ќе се бори самиот со себе.
Затоа, повиците младите да молчат не само што се крајно несоодветни - оти токму младите имаат огромно право да грмнат барајќи саглам држава - туку се повици за статус кво, да биде како до сега.
Не, тоа што нам ни треба сега е обратно од тишина. Гласност, гласно граѓанство предводено од младите кое ќе ѝ диши во врат на власта. И ако власта е мудра и искрено сака системски промени, од едно такво гласно и одлучно граѓанство ќе направи сојузник“, напиша тој на социјалните мрежи.
Можеби ќе ве интересира
(ФОТО) СОБИР ВО СКОПЈЕ ЗА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ: Oд алчност децата ги претворивте во пепел

ТОШКОВСКИ: Лицето кое подготвило проект за дискотеката „Пулс“ e уапсено

ТОШКОВСКИ: Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката

НАПРАВЕНИ СЕ КОНТРОЛИ ВО ДРЖАВАТА: Во кои градови се откриени дискотеки без важечки лиценци?

ТОШКОВСКИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Повредени се 196 лица, a 18 се приведени

ЌЕ ПРИСУСТВУВААТ НЕКОЛКУ ВЛАДИЦИ И ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ: Кога ќе бидат погребани жртвите од пожарот во Кочани?

БУГАРСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Соопштија каква е состојбата на повредените од Кочани кои се згрижени кај нив

„ПРОСТИ НИ ГОСПОДИ ЗОШТО СЕ ПРАВЕВМЕ ГЛУВИ И СЛЕПИ, А ЖИВЕЕВМЕ ТУКА И ГЛЕДАВМЕ И СЛУШАВМЕ...“ - тажна песна на новинарот Никола Стојанов за родното Кочани

„АНДРЕЈЧУК, МАЛКУМИНА ИМА КАКО ТЕБЕ“: Игор Џамбазов по трагедијата во Кочани емотивно се збогува со фронтменот на ДНК
