И ХРВАТСКА ЌЕ ГИ "БРИЧИ" ТУРИСТИТЕ: Еве колкави казни ќе летаат за недолично однесување
Објавено во: Балкан 22 Мај, 2023
Ноќта меѓу четвртокот кон петокот, по исцрпувачка 15-часовна седница, Градскиот совет на СПЛИТ ја прифати одлуката за јавен ред и мир во областа Сплит, според која за несоодветно постапување на јавни места во туристичката сезона ќе се казни.
За ваква одлука гласаа 15 советници, а еден воздржан - 16 присутни советници значи дека имало кворум, бидејќи Градскиот совет има 31 советник.
300 евра за спиење во парк
Според таа одлука, со 300 евра ќе бидат казнети: консумација на алкохол на јавни површини (површини на помалку од 100 метри од училишта и градинки, во зона А, која го опфаќа градското подрачје во рамките на барокните бедеми изградени во 17 век; вршење нужда на јавни површини, спиење во паркови на тревници, плоштади и други јавни површини, консумирање храна или пиење на јавни површини, престој во угостителски објекти по истекот на работното време.
Прифатена е измена за парична казна од 300 евра за: качување и седење на споменици и спомен-плочи; влегување, качување и/или капење во фонтани и нудење и склучување договор за такси услуга што не е однапред договорена.
Глоба од 150 евра ќе се изрече за повраќање на јавни површини и градежно-монтажни работи од 14 до 17 часот и од 22 до 19 часот за да се спречи бучава.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.