И ЈАПОНИЈА ВО РЕЦЕСИЈА, ПОВЕЌЕ НЕ Е ТРЕТА СВЕТСКА ЕКОНОМСКА СИЛА: Ѝ го отстапи местото на Германија
Објавено во: Економија 15 Февруари, 2024
Јапонија, до неодамна третата по големина економска сила во
светот, неочекувано падна во рецесија по падот на бруто домашниот производ
(БДП) за 0,4 отсто во споредба со претходната година и тешкотиите што ги имаше
економијата на земјата во последните шест месеци.
Слична судбина ја снајде и Велика Британија, која беше рангирана на шестото место меѓу најсилните светски економии. Оваа земја западна во рецесија во последните три месеци од минатата година, кога БДП се намали за 0,3 отсто. Со оглед на тоа што во претходниот квартал (од јули до септември) беше забележан и пад на БДП, Британија официјално е во рецесија, што е сериозен удар за премиерот Риши Сунак, кој дојде на власт ветувајќи економско закрепнување и раст.
Многу економисти во земјата на изгрејсонцето сметаат дека состојбата многу брзо значително ќе се подобри, бидејќи, како што наведуваат, „податоците за падот на БДП не се конечни“. Иако Јапонија ѝ го отстапи третото место на листата на најсилни економии на Германија во моментов, ММФ очекува овие економии да дадат конечни податоци за движењата од претходната година, со цел да се создаде нова табела на економски најразвиените земји, пренесува Би-Би-Си.
Што се однесува до Британија, таа останува на шестото место на оваа листа, но нестрпливо ја чека презентацијата на министерот за финансии, Џереми Хант, кој за помалку од три недели ќе го објасни најновиот буџет, најавува Би-Би-Си.
Главната причина за падот на Јапонија во друштвото на најсилните беа проблемите на нивната национална валута во однос на доларот кои се појавија на крајот на 2022 година. Тие проблеми се проширија до 2023 година, кога јенот ослабе за 9% во однос на американскиот долар за 12 месеци.
Како и да е, падот на јенот помогна за растот на цените на акциите на најголемите јапонски компании, а во исто време придонесе и за растот на извозот (особено на автомобилите), кој поевтини на прекуокеанските пазари.
Растот на главниот индекс на Токиската берза, индексот Nikei225, кој ја премина границата од 38.000 за прв пат од 1990 година, како и очекувањата дека Централната банка најверојатно ќе ја одложи одлуката за зголемување на референтната каматна стапка, зборува во прилог на фактот дека Јапонија сè уште не го кажала последниот збор.
Ниту во Британија не бијат ѕвона за паника: Рут Грегори, заменик главен економист во Капитал Економикс (водечка компанија за истражување и консултантски услуги во Британија) вели дека најновите економски бројки „може да ја поттикнат Банката на Англија да размисли за намалување на каматните стапки“:
„Но, се сомневам дека Банката на Англија ќе биде премногу загрижена за она што веројатно ќе биде блага и кратка рецесија“, додаде таа. Неодамнешните податоци покажуваат дека инфлацијата - која го мери темпото на раст на цените - остана на 4% во јануари.
ФОТО: Unsplash/Jenzael Mengoza* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.