05 Декември, 2025
0.1381

ФОТО: И Кина има проблем со нееднаквоста

Објавено во: Анализа 03 Октомври, 2013 09:25

Добивај вести на Viber

Основниот проблем на пазарната економија се чини дека се разлики кои се создаваат помеѓу богатите и сиромашните. Иако во основа и нема некој проблем тој гап да е многу голем, се додека оние кои се на лошата страна на спектарот успеваат нормално да живеат. Сепак податокот дека во најсилната земја на светот, САД 15% од луѓето се сиромашни не оди баш во прилог на оваа теза. Кина е интересен пример за оваа тема. Земјата која воведе пазарен модел изминативе години многу напредна. Денеска таму има 122 милијардери, сепак 13% од луѓето живеат со помалку од 6о денари на ден. Таа бројка како што гледате е помала од САД, но во толкава земја како Кина тоа е страшно голема маса на луѓе. Раководството на Кина има намера до 2020 година да го дуплира БДП во руралниот дел и со тоа да влијае на намалувањето на сиромаштијата, но прашање е колку во тоа ќе успее. Главниот страв е  незадоволството што може да го предизвика ваквата ситуација на нееднаквост. Преку фотографии ќе ви ја покажеме таа неедкваност. Вакви слики може да се направат  и во САД, но за потребите на овој текст ги позајмивме фотографиите на Ројтерс: Сиромашни граѓани кои се коцкаат и само неколку блока подалеку, дотерани луѓе кои со шампањско очекуваат почеток на модна ревија. Од левата страна е едно од најкористени превозни средства во Кина, модификуван велосипед на три тркала и од другата страна е Ролс Ројс на аукција за лукзузни олдтајмери. Некој се облекува на улица, а некој во ултра скапиците бутици во Пекинг. Кина е најголем потрошувач во светот на луксузна стока. Во таква ситуација, нормално е и кучињата да имаат различен третман. Редакција Фактор  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени