18 Декември, 2025
0.0560

И кралската плата – под рестрикции

Објавено во: Стил 18 Јули, 2012 18:29

Добивај вести на Viber

За да  се солидаризира со вработените во јавниот сектор , чии плати се намалија и шпанскиот крал Хуан Карлос реши да ја намали својата плата за околку седум отсто . Кралот, како што наведува изворот од палатата, ќе ја намали својата годишна бруто плата, која оваа година требало да изнесува повеќе од 292.000 евра, за 20.910 евра. Кралот Карлос реши  за 10,455 евра  да  ја намали и платата на својот син и наследник Фелипе, пренесува агенцијата Франс прес. Остатокот од кралското семејство, кои не примаат плата, ќе бидат соочени со слични кастрења, со вкупна вредност од 60.000 евра. Благодарение на вкупното намалување на трошоците ќе биде остварена заштеда од 90.000 евра во буџетот на кралската палата за 2012, кој оваа година би требало да изнесува 8,3 милиони евра, за два отсто помал од 2011 година, истакнува изворот.

Можеби ќе ве интересира

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се