16 Јули, 2019
0.0164

И кравите „си заминуваат“ од Македонија

Објавено во: Агробизнис 28 Јуни, 2019

И покрај субвенциите по грло и за откупено млеко, бројот на крупниот добиток во Македонија радикално се намалува, според податоците од извештајот за 2018 на Агенцијата за храна и ветеринарство и е далеку пореален од оној на Државниот завод за статистика.

На вонреден попис кој се одржал по наредба минатата година попишани биле 193.250 грла на крајот од првата половина во 23.571 одгледувалишта. На редовниот попис кој АХВ подоцна го доставил до платежната агенција за земјоделство бројката била уште помала и изнесувала 190,623. Тоа е далеку помала бројка од онаа на Државниот завод за статистика од каде во март пријавија 256.181 единици за 2018-та и вкупен раст од 0,4 отсто. Од заводот регистрирале само 6.599 на ваков тип на стока во деловни фарми и нивно намалување од 14,8 отсто.

Од друга страна, Агенцијата во 2018 регистрирала само 177.200 говеда при проверката на бруцелоза, што е големо намалување во однос на претходните пет години кога таа бројка се движела од 213 до 229 илјади грла на крупен добиток. Во 2017 биле евидентирани 214.170 според бројките на АХВ, што значи дека за една година бројката се намалува за околу 37.000. Бројот на одгледувалишта е намален за една година од 25.000 на помалку од 20 илјади.

Бројот на евидентирани одгледувалишта на овци и кози е паднат од 9.669 на 7.340, но бројот на овие животни останува стабилен. Станува збор за 809.548 и бележи минимално намалување. Во последните години се бележат тенденции на зголемување на грлата од овој добиток. Во текот на 2018 година од вкупно 243.492 пчелни семејства во 4.599 пчеларници, Бројот на одгледувалишта на пастрмка и крап е нешто помал и изнесува 49, односно 27 низ Македонија. Пописот на АХВ покажал дека на крајот од минатата година Македонија имала 6.642 коњи. Пописот на свињи покажал дека бројката останува стабилна.

Зошто се намалува бројот на добитокот и производството? Причините за намалување на бројот на дел од добитокот и производството, сточарите ги лоцираат во наталожените проблеми во оваа гранка, почнувајќи од ниските откупни цени и слабата конкурентност на мекарниците.

Агроекспертите велат дека сточарството е неоправдано помалку поддржано отколку што заслужува. Развојот на земјоделството се гледа преку развој на сточарството. Тоа е гранка преку која се остваруваат финалните производи од растителното производство, а нема соодвтена поддршка. Сточарството мора да добие поголема поддршка затоа што сточарството е финализатор на растителното производство.Преку сточарството продавате месо млеко сирење и така натаму, финални производи .Додека од растителното производството, бидејќи не ни е развиена преработувачката индустрија и таа споро се развива , иако и државата ја помагаше, тука имаме ниска преработка, ниска финализација.Сето тоа се одразува на несоодветни резултати во земјоделството, отколку што има услови и можности Македонија за подобри резултати, вели агроекономистот Борис Анакиев.

Изминативе седум-осум години во земјоделството или поточно во сточарсртвото се инјектираа милиони евра, што требаше да придонесе за зголемување на производството и добитокот.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Бабовски: Потпишан договорот со компанијата која ќе ги снабдува земјоделците со гориво за земјоделска механизација

Бабовски: Потпишан договорот со компанијата која ќе ги снабдува земјоделците со гориво за земјоделска механизација

Oваа земја е лидер во светот по производство на лубеница, им се раѓаат дури 79 тони

Oваа земја е лидер во светот по производство на лубеница, им се раѓаат дури 79 тони

ТАЖНА СЛИКА ВО ПРЕСПА: Невремето им зададе силен удар на овоштарите

ТАЖНА СЛИКА ВО ПРЕСПА: Невремето им зададе силен удар на овоштарите

Државниот инспекторат за земјоделство во контроли кај компаниите што откупуваат пченица, откупната цена е од 9 до 10,5 денари

Државниот инспекторат за земјоделство во контроли кај компаниите што откупуваат пченица, откупната цена е од 9 до 10,5 денари

Два пати е зголемено земјоделското осигурување: Колку премии се исплатени на сметките на земјоделците

Два пати е зголемено земјоделското осигурување: Колку премии се исплатени на сметките на земјоделците

МЗШВ: Во полн ек е жетвата на пченицата, годинава се очекува за 4 отсто поголемо производство од 2017 година

МЗШВ: Во полн ек е жетвата на пченицата, годинава се очекува за 4 отсто поголемо производство од 2017 година

Позната фирмата која ќе ги снабдува земјоделците со зелена нафта

Позната фирмата која ќе ги снабдува земјоделците со зелена нафта

Жетвата на пченицата започна: По која цена се откупува

Жетвата на пченицата започна: По која цена се откупува

Одбран операторот кој ќе обезбеди „зелена нафта“, се чекаат платежните картички

Одбран операторот кој ќе обезбеди „зелена нафта“, се чекаат платежните картички