09 Октомври, 2024
0.0276

И КРЕМЕЉ СО СВОЈ КОМЕНТАР ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА НАВАЛНИ: Никој не знае каде се наоѓа со денови

Објавено во: Свет 12 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Кремљ нема ниту намера ниту можност да го следи издржувањето на затворската казна на опозицискиот лидер Алексеј Навални, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

- Не, немаме ниту намера ниту можност да ја следиме судбината на затвореникот и процесот на неговиот престој во надлежните институции - рече Песков на прес-конференцијата, пренесе РИА Новости.

Коментирајќи ги изјавите на Вашингтон за загриженост за судбината на Навални, Песков рече дека тој е прогласен за виновен на суд и дека секое мешање, вклучително и американско мешање, е неприфатливо.

- Станува збор за затвореник кој е прогласен за виновен и издржува казна. Сметаме дека секаква  интервенција, вклучително и на САД, е неприфатлива - рече Песков.

Претходно, портпаролот на Стејт департментот Метју Милер изрази загриженост за судбината на Навални и рече дека тоа е пренесено до руската влада. Песков истакна дека руската влада не знае за такви извештаи.

-Можеби е пренесено преку МНР, не знам - додаде Песков.

Соработниците на Навални во понеделникот објавија дека шест дена немаат никакви информации за него, ниту пак знаат каде се наоѓа.

Од казнената колонија во Владимирската област, каде што Навални издржува 30-годишна казна, соопштија дека тој повеќе не е на нивната листа на затвореници.

Борељ: Загрижен сум што веќе седум дена нема вести за Навални

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Џузепе Борељ, денеска објави дека е загрижен што седум дена нема вести за водечкиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор.

„Крајно загрижувачка е веста за Навални, кој седум дена се води како исчезнат. За неговата безбедност и здравје во затвор е одговорно руското политичко раководство и тие ќе одговараат. ЕУ бара тој веднаш и безусловно да биде ослободен затоа што е затворен од политички причини“, изјави Борељ на Твитер.

ФОТО: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи