И Макпетрол мудро инвестира! Од кои вложувања заработи еден милион евра дивиденда?
Објавено во: Економија 16 Август, 2024
Вложувањата во акции на „Комерцијална банка“ на „Макпетрол“ во мај му донесоа речиси милион евра дивиденда, а од неговите акции во транспортната компанија ОИЛКО во билансот за третиот квартал ќе легне дивиденда од уште околу 700.000 евра. А тие финансиските приходи значајно ќе ја зголемат добивката на нашиот гигант за малопродажба на нафтени деривати и стоки за широка потрошувачка. Евала „Макпетрол“ за една година 1,6 милиони евра од дивиденди!
Најголемата македонска компанија за малопродажба на нафтени деривати во последниве години се покажува и како добар инвеститор во акции. Најновиот консолидиран биланс за првите шест месеци годинава покажува дека оваа компанија од дивиденди заработи речиси еден милион евра. Ова е официјален податок кој е јавно достапен од консолидираниот извештај за паричен тек на „Макпетрол“, документ јавно достапен на СЕИ НЕТ системот на Македонската берза.
Голема е веројатноста дека најголем дел од дивидендата што дошла како прилив во „Макпетрол“ е од неговите вложувања во акции во „Комерцијална банка“. Во најголемата деловна домашна банка „Макпетрол“ вложи значајни средства во 2018 година заедно со „Гранит“ и пред се „Адора инженеринг“ особено во периодот кога акции продаваше шведскиот инвестициски фонд.
Со тоа купување „Макпетрол“ дојде на ниво да поседува помалку од 4 отсто од сите акции на „Комерцијална банка“. А годинава дивидендата од „Комерцијална банка“ беше солидна и изнесуваше над 800 денари за акција во нето износ.
Друга компанија од каде што „Макпетрол“ чека значаен дивиденден принос е транспортната компанија ОИЛКО во која „Макпетрол“ поседува 35,6 отсто од акциите. ОИЛКО веќе најави дека ќе исплати дивиденда во износ од 600 денари бруто по акција или вкупно 2,3 милиони евра (бруто со вклучен дел за данок). Од тие пари една третина (околу 700.000 евра) се дивиденда за „Макпетрол“. А тој износ не е евидентиран во билансот за успех во првите шест месеци затоа што дивидендата ОИЛКО ја исплаќа во втората половина од годинава.
Така што на крајот на септември финансиските приходи на „Макпетрол“ ќе се зголемат за нешто помалку од 700.000 евра кои треба да му стигнат од дивидендата во ОИЛКО.
За тоа како работат компаниите чии параметри го сочинуваат консолидираниот извештај на „Макпетрол“ повеќе детали има на следниот линк https://www.seinet.com.mk/?docID=69706
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.