20 Декември, 2025
0.0537

И МИЛИОНЕРИТЕ СЕ ГРИЖАТ ЗА СВОЈАТА ПЕНЗИЈА - велат дека сега има многу проблеми, ќе работат уште долго

Објавено во: Финансии 05 Декември, 2022 11:01

Добивај вести на Viber

Милион долари веќе не се како што беа, барем според истражувањето кое сугерира дека нестабилните пазари и инфлацијата што не е забележана со децении ги прави дури и богатите да се чувствуваат лошо.

Додека САД се дом на 24,5 милиони милионери, повеќе од која било друга нација, 35 отсто рекле дека само чудо би им овозможило сигурна пензија, според истражувањето на Natixis Investment Managers спроведено на 1.617 богати луѓе.

Повеќе од половина - 58 проценти - се помириле со фактот дека ќе мора да работат многу подолго отколку што планирале.

Вообичаено правило за пензионерите е дека тие треба да повлекуваат 4 проценти од својот пензиски фонд секоја година, упатство што можеби не е доволно за повеќето милионери.

-Милион може да изгледа како многу, но многу луѓе се изненадени кога ќе направат математика и ќе сфатат дека 4 отсто од милион долари се само 40.000 долари годишно - изјави за CNBC Дејвид Гудсел, извршен директор на Центарот за инвеститорски услуги на Натиксис.

Во срцето на грижата на богатите се забрзувањето на потрошувачките цени, што ја намалува куповната моќ и ја еродира вредноста на хартиите од вредност со фиксен приход, како што се обврзниците.

Околу 55 отсто од вработените Американци велат дека заостануваат во пензионерските заштеди поради инфлацијата, а седум од 10 милионери исто така го гледаат тоа како закана.

И тоа не е се: три четвртини од испитаниците се загрижени дека високиот јавен долг ќе ги оптоварува јавните финансии во иднина. Иако не секој има потреба од јавна помош за да се пензионира, 38 отсто рекле дека нема да можат да се пензионираат без неа.

Лизгањето на финансиските пазари се уште една загриженост. Речиси половина од анкетираните - 42 проценти - рекле дека се толку под стрес за пазарот овие денови што воопшто избегнуваат да размислуваат за пензионирање.

(Извор: Инвеститор)

Можеби ќе ве интересира

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра