19 Декември, 2025
0.0522

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

Објавено во: Финансии 19 Декември, 2025 13:09

Добивај вести на Viber

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити во ноември годинава се повисоки за 11 проценти, што во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 12,7 отсто, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при малку поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор, информираат од Народната банка (НБ).

Паричната маса во ноември 2025 година, забележа месечно зголемување од 0,1 отсто, пред сè како резултат на растот на краткорочните депозити, при умерен раст и на готовите пари во оптек и депозитните пари, а во услови на пад на долгорочните депозити до две години. На годишна основа, паричната маса оствари раст од 11,2 процнети, поради зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити, готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години. 

‒ Во ноември, вкупните депозити се повисоки за 0,3 отсто и 11 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно. Притоа, месечната и годишната промена во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор.

Вкупните кредити, во ноември, бележат раст од 1,3 отсто и 12,7 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при малку поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор - се посочува во објавата на НБРСМ.

Од таму додаваат дека во ноември, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемени за 0,5 отсто на месечна основа, главно под влијание на растот на депозитните пари, а во помала мера и на долгорочните депозити во денари и на краткорочните депозити во странска валута, додека долгорочните депозити во странска валута и краткорочните депозити во денари остварија намалување. 

Годишниот раст изнесува 9,3 проценти и во најголем дел е резултат на зголемените депозитни пари и краткорочните депозити во странска валута и во денари. 

‒ Кредитите на корпоративниот сектор, во ноември, забележаа месечно зголемување од 1,5 отсто, во најголем дел поради зголеменото кредитирање во денари, при помал придонес и на кредитите во странска валута. 

На годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се повисоки за 14,5 проценти, во целост поради зголеменото кредитирање во денари - се појаснува во објавата. 

Во ноември, вкупните депозити на домаќинствата бележат нагорна месечна промена од 0,4 отсто. Притоа, промената во поголем дел произлегува од зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, при помал раст и на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на остварен пад на депозитните пари. 

Во споредба со ноември претходната година, растот изнесува 12,4 отсто и главно се должи на повисоките депозитни пари, долгорочните депозити во денари и краткорочните депозити во странска валута. 

‒ Кредитите на домаќинствата се повисоки за 1,1 отсто и 11,1 процент на месечна и на годишна основа, соодветно. Промената кај двете основи е одраз на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во денари.

Во ноември, според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити е остварен месечен раст од 0,9 отсто и 1,6 проценти, соодветно, при годишен раст од 10,5 отсто и 16,5 проценти, соодветно. 

Автомобилските кредити, во ноември, забележаа месечно и годишно зголемување од 1,6 отсто и 0,4 проценти, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитните картички се намалени за 0,5 отсто и 6,4 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно. Овој месец, негативните салда на тековните сметки бележат месечен и годишен раст од 5 отсто и 0,9 проценти, соодветно. Кредитите одобрени врз други основи, во ноември, остварија месечно и годишно намалување од 0,8 отсто и 10 проценти, соодветно - се истакнува во извештајот на НБРСМ.

Можеби ќе ве интересира

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани