И оваа година Охрид најатрактивен за соседите, распродадени новогодишните аранжмани
Објавено во: Економија 27 Декември, 2012 10:40
Тридневен аранжман на база полупансион во хотелот „Метропол“ чини 147 евра, со вклучен дочек и новогодишно мени. Истиот аранжман во „Инекс Горица“ чини 139 евра, во „Силекс“ 143 и во „Климетица“ 135 евра. Хотелот „Белведере“ нуди тридневен аранжман за 149 евра од лице, со тоа што вклучува свечени новогодишни вечери и за 31 декември и за 1 јануари. Во „Милениум“ велат дека издадени се речиси сите соби и апартмани. Гостите кои ќе престојуваат во овој хотел ќе пристигнат од Грција, Бугарија, Србија и Македонија. Цената на дводневниот аранжман е 99, а на тродневните 139 евра.
Само дочекот на Новата година во хотелите ќе изнесува 30 евра од лице. Во познатите охридски ресторани цените на дочекот со свечено новогодишно мени слични на минатогодишните. Во „Далга“ дочекот на новата година ќе изнесува 45 евра со богато мени и неограничен пијалок, односно 25 за втората вечер без пијалок. Ресторанот „Света Софија“ нуди богато новогодишно мени со аперитив за 25 евра, со доплата за пијалок, додека втората вечер на влез ќе се наплаќа консумација од 1.200 денари, што гостите ќе можат да ја потрошат по свој избор. Во рестораните „Белведере“ и „Билјанини извори“ дочекот на новата година ќе чини 40 евра со десет евра пијалок, додека вечерата на 1 јануари ќе чини 25 евра, од кои пет евра за пијалок.
Дел од угостителите ќе работат според варијантата на отворен влез, со редовни цени на храната и пијалоците. Забавно ќе биде и во охридските кафулиња и ноќни клубови. Највеселата ноќ во „Објектиф“ ќе чини 600 денари со новогодишно мени, со доплата за пијалоците, додека во „Ликвид“ дискотеката „Парк“ дочекот ќе чини 990 денари, со консумација со три пијалоци и апетисани и овошје. Во ноќниот клуб „Хавана“ дочекот ќе чини 900 денари консумација со три пијалоци, додека во „Куба либре“ највеселата ноќ чини 50 евра, со богато мени на база шведска маса и неограничен пијалок.
Инаку, градот веќе е свечено украсен, особено централното градско подрачје, Плоштадот и Кејот на Охридското Езеро, а ќе има и организиран дочек на Новата година на Градскиот плоштад, со скромна, но весела програма.
Како што и се предвидуваше, најбројни и овојпат за новогодишните празници ќе бидат гостите од соседните земји од Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Грција, кои традиционално го избираат Охрид за новогодишните празници поради потврдената добра забава. Во Охрид ќе има и домашни гости, но најголем број од нив оние кои имаат свои станови и куќи така што не се очекува позначајна заработка за приватните станоиздавачи и издавачи на соби.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





