23 Април, 2024
0.0454

И ПОНАТАМУ ПОВЕЌЕ УМРЕНИ ОТКОЛКУ РОДЕНИ - Македонија го губи населението

Објавено во: Македонија 01 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Трендот на негативен природен прираст продолжува и понатаму. И последните податоци кои ги објави Државниот завод за статистика за четвртиот квартал од 2023 година покажуваат дека имаме повеќе умрени отколку родени во земајва. 

Имено, тие објавија дека бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4,5 отсто и изнесува 4.185 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 1,5 проценти во споредба со истото тримесечје од 2022 година и изнесува 5.028 лицa, а од нив 9 се умрени доенчиња.

- Природниот прираст е негативен, - 843 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 1,6 проценти во споредба со истиот период од 2022 година и изнесува 2.824 бракови.

Во ова тримесечје добиени се 599 извештаи за разведени бракови - се наведува во анализата на ДЗС.

Бројките од нивната анализа покажуваат во кои реони има поголем негативна ставка, а каде се уште има позитивен природен прираст.

Па така Скопје, иако е главен град има негативен природен прираст со 1.384 родени и  1.398 умрени лица. Отстапка во главниот град се општините Бутел, Гази Баба, Чаир и Шуто Оризари. 

Сите поголеми градови бележат повеќе умрени отколку родени, а отстапки има во општините каде живеат етнички Албанци, како Арачиново, Тетово, Струга... 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето

ТОКСИКОЛОГИЈА: Вработен вршел притисок урина со наркотици да се замени со чиста урина и уште оди на работа

ТОКСИКОЛОГИЈА: Вработен вршел притисок урина со наркотици да се замени со чиста урина и уште оди на работа

ДЕМИРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА ЛЕОНИД ИНДОВ: Ќе се распрашам и ќе видам дали е финализирано плаќањето

ДЕМИРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА ЛЕОНИД ИНДОВ: Ќе се распрашам и ќе видам дали е финализирано плаќањето

БОЈМАЦАЛИЕВ: Најден е сторителот за разбиената пратеничка канцеларија на Миле Лефков

БОЈМАЦАЛИЕВ: Најден е сторителот за разбиената пратеничка канцеларија на Миле Лефков

Нико Беќаровски: Економската директорка на Токсикологија вработува лица на кои не им е местото тука

Нико Беќаровски: Економската директорка на Токсикологија вработува лица на кои не им е местото тука