19 Декември, 2025
0.0358

И смртта се модернизира: Созадоа апликација за последните желби на идниот покојник

Објавено во: Стил 13 Февруари, 2023 10:40

Добивај вести на Viber

Мексиканецот Мигел Фарел дизајнираше апликација за зачувување на пораки и последни желби, кои корисникот би сакал да ги сподели со најблиските по неговата смрт.

Апликацијата наречена Past Post, „му овозможува на корисникот да остава пораки што ќе се користат по неговата смрт“, изјави нејзиниот креатор, претприемачот Фарел, за AFP.

Како пример, тој напомена дека таткото може да сними честитки кои неговите деца ќе ги слушаат со години подоцна кога ќе дипломираат, доколку тој во меѓувреме умре.

Апликацијата зачувува видеа во форма на NFT, сертификат за автентичност поврзана со компјутерска датотека што може да биде слика, текст или парче музика, што не може да се копира или менува.

Фарел рече дека Past Post чини 19 долари годишно и може да се користи за претходно снимање на насоки за сопствениот погреб или други тековни работи, како што се банкарски сметки и лозинки за сметки на социјалните мрежи.

Дизајнерот предупреди дека апликацијата не е дигитален тестамент бидејќи не може да замени вистински тестамент бидејќи законот бара заверен документ.

Документот создаден од апликацијата „нема никаква правна вредност, но има многу важна симболичка вредност“, додаде Фарел.

Можеби ќе ве интересира

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се