01 Септември, 2024
0.0236

И Црна Гора го затвори клириншкиот долг, Македонија абер нема

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Останува ли Македонија единствената земја од поранешните држави во СФРЈ која не успева да го затвори прашањето со рускиот клириншки долг, особено после денешната информација дека Русија ќе и предаде на Црна Гора 13 камиони за чистење снег со вкупна вредност од 2,7 милиони долари во рамки на остатокот од исплатата на рускиот клириншки долг кон Црна Гора. Со овие доставки ќе заврши исплаќањето на долгот на Руската Федерација кон Црна Гора во рамки на меѓувладината спогодба за уредување на задолженијата на поранешниот Советски сојуз кон поранешна Југославија во износ од 18,6 милиони еврa. Инаку, вкупниот долг на поранешниот СССР кон СФРЈ изнесуваше 1,3 милијарди клириншки долари, кој што подоцна беше распореден по клучот 38 отсто за Србија и Црна Гора, 23 отсто за Хрватска, 16 отсто за Словенија, 15,5 отсто за БиХ и 7,5 отсто за Македонија. И додека сите земји го затворија ова прашање со официјална Москва, македонските власти изминативе дваесет години,  досега неколкупати најавуваа дека ќе го затворат ова прашање, но никако да го решат. Идејата која веќе неколку години циркулира во јавноста е со гасификација на Македонија да се затвори клириншкиот долг на Руската Федерација, во вредност од 60 милиони долари. Експерти од областа на енергетиката тврдат дека средбите што неодамна ги имаа македонските власти предводени од премиерот Никола Груевски со моќни луѓе каков што е претседателот на Русија, Владимир Путин даваат голема шанса за реализација на важни проекти, но ако соодветно не се одговори на дадената шанса последиците можат да бидат сериозни. Во својата неодамнешна посета на Русија, премиерот Никола Груевски во интервју за руската агенција Итар-Тасс најави затврање на долгот  со изградба на гасовод во Македонија и отворање авионски чартер-линии меѓу двете земји. „ Нашите две земји постигнаа начелен договор со кој би се регулирал клириншкиот долг што Руската Федерација го има кон нас уште од времето кога бевме член на поранешна Југославија, што значи дека тоа порамнување би можело да се ефектуира преку изградба на гасовод на приоритетниот магистрален правец Клечовце - Штип - Неготино - ТЕЦ „Неготино“ –Кавадарци, кој е главна гасоводна артерија во нашата земја“ изјави тогаш Груевски.   Сите најави за гасификација Октомври 2007 - Една многу значајна и добра вест поврзана стигна од Москва: прифатено е нашето барање рускиот долг кон Македонија да биде исплатен во целиот износ од 60,5 милиони долари, односно за 12 милиони долари повеќе отколку што претходно било договорено. Долгот ќе биде вратен низ проекти за изградба на гасоводната мрежа во Македонија, напиша во колумна во Дневник, министерот за финасии Зоран Ставрески Февруари 2008 - Владата широко ја отвора вратата за влез на руски „Гаспром“ во проектот гасификација, како компензација на рускиот клириншки долг кон земјава. Вицепремиерот Зоран Ставрески во интервју за радиото „Слободна Европа“ изминатиот викенд најави дека на покана на Владата во текот на месецов во Скопје ќе дојде делегација од „Гаспром“ со која ќе ги дефинираат условите за реализација на проектот гасификација. Јануари 2010 - Клириншкиот долг на Русија кон Македонија конечно треба да се затвори во април годинава. Постигнат договор за регулирање на советскиот клириншки долг кон Македонија и оти останати за решавање се уште малку технички прашања, по што двајцата треба да го потпишат.     Јули 2012  - Потпишаниот Меморандум за соработка со „Стројтрансгас“ за изградба на гасводната мрежа во Македонија, тема ќе биде и нацрт спогодбата меѓу Владите на Македонија и Русија за соработка при изградба на гасоводна инфраструктура за испорака на гас во Македонија со „Газпром“.   И.М.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА ДОЛАРОТ: Европската валута ослабна

СЕ ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА ДОЛАРОТ: Европската валута ослабна

Падот на патниците на скопскиот аеродром продолжува и во јули

Падот на патниците на скопскиот аеродром продолжува и во јули

ГИ ПРОДАВААТ КУЌИТЕ ЗА МАЛКУ ПАРИ: Русите бегаат од Финска

ГИ ПРОДАВААТ КУЌИТЕ ЗА МАЛКУ ПАРИ: Русите бегаат од Финска

НАРОДНА БАНКА: Растат каматите на депозитите

НАРОДНА БАНКА: Растат каматите на депозитите

ДОГОВОРОТ НЕМА ДА ГО ОБНОВАТ: Украина ќе прекине со транзитот на руските нафта и гас

ДОГОВОРОТ НЕМА ДА ГО ОБНОВАТ: Украина ќе прекине со транзитот на руските нафта и гас

ГРЧКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ ГИ НАМАЛИЛЕ ЦЕНИТЕ ВО АВГУСТ - нешто сепак поскапело, а тоа се рибите и морските плодови

ГРЧКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ ГИ НАМАЛИЛЕ ЦЕНИТЕ ВО АВГУСТ - нешто сепак поскапело, а тоа се рибите и морските плодови

Владата усвои нов закон за автопатот Кичево - Охрид, ќе се олеснува асфалтирањето

Владата усвои нов закон за автопатот Кичево - Охрид, ќе се олеснува асфалтирањето

БЕШЕ МИЛИЈАРДЕР „НА ХАРТИЈА“, А ПОТОА БОГАТСТВОТО СЕ СТОПИ - еве како порасна за време на ковидот, но и како падна

БЕШЕ МИЛИЈАРДЕР „НА ХАРТИЈА“, А ПОТОА БОГАТСТВОТО СЕ СТОПИ - еве како порасна за време на ковидот, но и како падна

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ТОА КОЈ И КОЛКУ ЌЕ ПЛАЌА ОД НОВИОТ ДАНОК НА НЕДВИЖНОСТИ - Хрватска вака ќе се бори против празните станови

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ТОА КОЈ И КОЛКУ ЌЕ ПЛАЌА ОД НОВИОТ ДАНОК НА НЕДВИЖНОСТИ - Хрватска вака ќе се бори против празните станови