И ТТК ќе ја дели добивката како дивиденда: Акционерите пресекле
Објавено во: Економија 30 Март, 2020 16:07
Го одложи Акционерското собрание, но не се откажа од поделабата на дивиденда. ТТК Банка АД Скопје слично како и Комерцијална банка, попладнево извести дека собранието се одоложува додека трае внредната состојба. Сепак во сoгласност со препораките на Комисијата за хартии од вредност за учество и гласање на Собранието по пат на кореспонденција, заклучно со 27 март, 67,6 отсто од акционерите на Банката веќе гласале за предложените Одлуки.
„Врз основа на овој висок процент на акционери кои се изјаснија за предложените одлуки на закажаното акционерско собрание на Банката, Управниот одбор и Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје сметаат дека Банката треба да остане на Одлуката за распоредување на добивката од 2019 година што е веќе предложена на Собранието на акционери. Поткрeпа на ваквиот деловен став на надлежните органи на Банката е и досегашното успешно реализирање на сите зацртани стратешки развојни и деловни активности на Банката во изминатиот период коешто резултира со одржување долгорочна стабилност и подготвеност за апсорпција на ризиците, стои во известувањето
Оттаму доддаваат и дека кон крајот на третиот квартал од 2019 година и почетокот на првиот квартал од 2020 година, ТТК Банка АД Скопје издала две долгорочни корпоративни обврзници во износ од по 1,5 милиони евра или вкупно 3 милиони евра кои се исто така со цел прудентно управување со капиталната позиција на Банката.
„ТТК Банка АД Скопје е речиси целосно во сопственост на домашни акционери. Со состојба на 29.2.2020 година, 99,3 % се домашни акционери и само 0,7 % се странски акционери. Речиси целиот износ на предвидената дивиденда ќе биде исплатен на домашни правни и физички лица. Според сегашната состојба на акционерската книга, дивидендата ќе им биде исплатена на 1.813 домашни физички лица во нето износ од 33,8 милиони денари, на 131 домашни правни лица во износ од 61,6 милиони денари и ќе биде исплатен данок кон Буџетот во износ од 3,8 милиони денари. Во согласност со ова, ќе се подобри ликвидноста на сите овие субјекти, вклучувајќи го и Буџетот на државата, стои во објавата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања





