И ВИКЕНДОВ СЕ РАБОТИ: Владата го „крчка“ новиот буџет еве за што ќе се трошат парите
Објавено во: Економија 06 Јули, 2024
Ребалансот на буџетот е при крај. Во Министерството за финсисии се работи и викендов за да се добијат точните контури на прекроената државна каса. Сепак, како што веќе нагласи министерката за финансии, просторот за маневар со буџетските расходи е се помал. Од трошоците повеќе немало каде да се скрати. Се што можело да се направи е да се пренаменат парите од нереализираните и непродуктивни трошења за она што е попотребно. Една од тие ставки е покачувањето на примањата на пензионерите кои ќе добијат плус 2.500 денари на своите сметки од септември, како и парите з акапитални проекти за општините. Овие пари не правеле притисок врз расходите, за разлика од каматите за земените заеми – смета министерката. Планирано е да бидат пренаменети 200 до 300 милиони евра.
Министерката вели дека приходите, расходите и дефицитот во апсолутен износ нема да се менуваат, но поради слабите перформанси на економијата, ќе растат процентуално. Според Димитриеска Кочоска, претходната власт го скроила буџетот врз основа на нереални проценки.
„Целта е да не ги менуваме во апсолутен износ вкупните приходи и расходи, а со тоа и во апсолутен износ да не го менуваме буџетскиот дефицит, но во процент тој ќе биде поголем. Она што загрижува е јавниот долг, кој процент ќе бележи раст бидејќи јавниот долг од 61,2% е проектиран на раст од 3,4%, а податоците со кои располагаме упатуваат дека тој ќе биде помеѓу 2,1% и 2,5%“ – рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
Вчера и премиерот Мицкоски на прашање дали ќе има пари за пораст на минималната плата до 450 евра, порача дека претходната власт го оставила буџетот во катастрофална кондиција. Рече дека ќе се сретне со синдикатите, но и дека неговата Влада треба да биде навистина креативна за да најде пари за сите во услови кога претходниците потрошиле многу од државната каса.
„Во последниве седум години како тајфун да поминал низ државава и не само што ја ограбил, туку и жестоко ја уништил. Се надевам дека во првите 100 дена ќе имам можност да седнам со синдикатите, заедно со министрите за финансии, за економија и труд и за социјална политика демографија и млади, и да поразговараме и да им ги покажеме бројките за да видат со што се соочуваме, а бројките се катастрофални. Ако ви кажам дека недостасуваат 2,5 милијарди денари за редовна исплата на пензиите, настрана од ова дополнително зголемување кое го најавивме и ветивме, можете да разберете за што станува збор“ – рече Мицкоски.
Вистински предизвик ќе биде и полнењето на буџетот. Министерката вели дека голем придонес ќе даде воведувањето е-фактура, која е важна и за реализација на повратот на ДДВ. Смета дека борбата со сивата економија мора да продолжи и државата да најде механизми да ги собере парите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.