20 Април, 2024
0.0256

И во петтиот месец од бременоста по 10 часа сум на високи потпетици: Водителката Марија од „Бекстејџ“ која живее во Словенија чека син

Објавено во: Стил 16 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Водителката Марија Петровска, која веќе 7 години живее во Словенија и нејзиниот партнер , Михаел Сказа, следната година ќе станат родители. Марија, која беше заштитен знак на ТВ естрадниот магазин „Бекстејџ“ е во 20-тата недела од бременоста и очекува син. Љубовта која функциононираше на далечина во 2015 ја однесе во Словенија, а сега и покрај тоа што наскоро ќе стане мајка, убавата Марија води прилично активен живот и никако не се откажува од високите потпетици. Од Цеље, каде што работеше и живееше изминативе години, таа и Михаел кој е стоматолог се преселија во Марибор. Во своето родно Тетово, каде што ѝ е срцето, редовно доаѓа, како и во Скопје, кај своите пријатели.

* Од Целје каде што живеевте долго време, се преселивте во Марибор. И покрај тоа што си на половина на бременоста, велиш дека живеете активен живот, на две места.

- Веќе половина година живееме во Марибор. За преселбата во „престолнината на Штајерска" се одлучивме затоа што е поголем град и има повеќе луѓе и случувања, но првенствено затоа што Михаел е од Марибор и повеќето пријатели и негови роднини ни се тука.Сепак повеќето денови сè уште ги поминуваме во Цеље, затоа што и двајцата таму работиме. Михаел веќе 16 години е раководител на едукативниот центар во „Интердент“. Jас од август минатата работам во „Кинезика“ - фирма која се занимава со развој, производство и продажба на козметика и додатоци во исхраната. Поточно сум раководител на одделението за маркетинг и односи со јавност на нивниот бренд „Butters“.

* Во која недела од бременоста си, и дали можеш да кажеш дека си променета во овој период?

- Во моментов сум во 19-тата недела од бременоста, некаде на половина пат.Што се однесува до промените, веројатно Михаел би знаел подобро да одговори...Јас не забележувам некои драстични промени (освен очигледните физички). Се чувствувам одлично, немав и сè уште немам никакви мачнини ниту драстични промени во расположението... Немам посебни желби, кога е исхраната во прашање. Останувам активна и сèуште поминувам по мининум 10 часа дневно во високи потпетици.Можеби малку почесто плачам на филмови, ама тоа е нормално, нели? Целото интервју на Марија прочитајте го на Женски магазин.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган