Добивај вести на Viber
И Вевчани наскоро ќе добие своја Порта, пишува порталот „Охрид Њуз“. Привршува изградбата на „Портата Вевчани“ низ која од Ѓурѓовден, вевчанци и гостите ќе влегуваат во „државата“.
Портата ќе биде осветлена со неколку канделабри, а соодветно осветлени ќе бидат и пешачките патеки, кои наскоро ќе бидат изградени и ќе водат од портата до самото село.
„Портата Вевчани“ која се гради во месноста викана Суво поле, е донација на вевчанската градежна компанија „ВИА“, а близу до манастирот „Св. Спас“ ќе биде подигнат и крст со висина од 25 метри, објави
локалниот портал.