И ВОДИЧИТЕ ДОБИВААТ БАКШИШ: Кои туристи се најдарежливи?
Објавено во: Економија 22 Март, 2024 07:50
При посета на Македонија, странските туристи ако се задоволни, даваат бакшиш на туристичките водичи.
Тоа е со цел да покажат дека ја цената нивната работа и сакаат да ги наградат за вложениот труд. Водичите велат дека туристите од различни земји имаат различни навики, а тоа се однесува и на давањето бакшиш.
„Да, најчесто странците даваат бакшиш. Сепак тоа зависи од државата од која доаѓаат, односно каква култура имаат на давање бакшиш. Исто така зависи од индивидуата. Секако дека зависи и од тоа дали се задоволни. Најчесто, односно речиси без исклучок бакшиш даваат Американците, односно како што се навикнати 10 проценти од сумата што ја платиле во агенцијата за турата. Исто така, Германците, Италијанците, Португалците, дел од Јужно- американските земји се од тие што даваат бакшиш. Во некои групи на пример Малезијци, Јапонци и слично, бакшишот е пресметан и загарантиран за возачот и за водичот- бакшиш кој јас се надевам дека секогаш завршува во рацете на туристичките водичи и возачите бидејќи е наменет за нив. За повеќето групи и поединци, тоа е индивидуална одлука дали и колку ќе дадат. Ова зависи и од тоа, не само колку се задоволни само од водичот, туку и колку дена си со нив, колку се задоволни со програмата, па дури ако си повеќе денови со нив може да влијае и задоволството од хотелите или рестораните каде ќе бидат сместени. Иако навидум работата на водич делува едноставна и забавна, сепак е многу покомплексна и за да можат да бидат задоволни туристите потребно е многу труд, исправање на грешки, решавање проблеми и ситуации… Иако туристичките водичи се платени за работата и не зависат од бакшишот, сепак навистина е задоволство да знаеш дека некој те цени тебе и твојата работа и ќе ти даде бакшиш и доколку се случува некогаш да не добиеш бакшиш, се прашуваш „дали нешто направив погрешно“? Но, сепак може некој немал пари, може немал кеш и така има повеќе објаснувања доколку туристите не дадат бакшиш“, вели туристички водич.
Од Здружението на туристички водичи објаснуваат дека одредени групи туристи даваат солиден бакшиш, но други даваат малку или не даваат затоа што знаат дека и Македонците кога одат во странство не оставаат бакшиш.
„Некои групи даваат, некои малку, некои не даваат. Некои даваат богат бакшиш, Американците, Австралијанците, Англичаните, а Европјаните зависи од каде се организирани. Јапонците си имаат стандард, тие се прецизни. Ако си на висина на задачата знаеш колку ќе земеш однапред. Се зависи од квалитетот на водичот, колку тури, колку работни денови ќе има. Имало и анегдоти и праќање подароци. Секакви случки има, посебно ако сте со нив 10-15 дена. Мене Јапонци ми пратија стапчиња за јадење од слонова коска, украсени, со детали, со гравури“, објаснува Бранко Босилков, претседател на Здружението на туристички водичи на Македонија.
Во земјава официјално во регистар има 1.090 туристички водичи, но не се сите во земјава и не се сите активни.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




