26 Март, 2025
0.0409

И ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ГИ БРКА МЛАДИТЕ ОД ДРЖАВАТА: Има и луѓе кои се иселиле токму поради оваа причина

Објавено во: Македонија 24 Март, 2025 07:40

Добивај вести на Viber

Има и млади луѓе кои заминале од Македонија и својот живот го продолжиле во друга земја, токму поради загадениот воздух, за кој засега нема ефикасни мерки за подобрување на состојбата.

Блаже Јосифовски од невладината „Биди зелен“ од Скопје вели дека имаат примери на волонтери и активисти кои се иселиле поради загадениот воздух и одредени здравствени проблеми кои ги имале поради високото аерозагадување во Македонија. Јосифовски објаснува дека загадувањето на воздухот претставува значаен фактор кој влијае врз одлуките на младите за иселување од Македонија.

„Истражувањата покажуваат дека лошиот квалитет на воздухот и загадената животна средина придонесуваат кон заминување на високо обучените и квалификувани кадри, дури и оние со стабилни работни позиции во земјата. Во февруари 2024 година, Скопје повторно се најде меѓу првите 10 најзагадени градови во светот, со просечни нивоа на ПМ10 и ПМ2,5 честички кои ги надминуваат дозволените граници повеќе од 100 дена во годината. Оваа состојба е особено загрижувачка бидејќи раната и честа изложеност на загаден воздух влијае врз развојот на мозокот, белите дробови и органите на бебињата, што има последици врз здравјето и учењето во текот на целиот живот“, рече Јосифовски.

Дополнително, секој деветти смртен случај кај новороденчињата во Македонија е поврзан со загадувањето на воздухот, што укажува на сериозноста на проблемот.

„Овие здравствени ризици, заедно со нискиот квалитет на животната средина, ги поттикнуваат младите да бараат подобри услови за живот во други земји.​  Покрај тоа, чувството на несигурност кај младите е на загрижувачко ниско ниво. Студијата за млади за периодот 2018/19 година покажува висок индекс на стравови кај младите поврзани со социјална неправда, зголемена сиромаштија, загадување и климатски промени, сериозни болести и корупција, што укажува на тоа дека младите не се чувствуваат сигурни во својата земја“, вели Јосифовски.

Има и примери кога луѓе со астма од Скопје се преселиле во Берово поради почист воздух. Во светски рамки, мал е бројот на држави кои имаат навистина чист воздух што е огромна предност. Само седум држави ги задоволувале стандардите на Светската здравствена организација (СЗО) за квалитет на воздухот лани. Задоволителна оценка добиле само Австралија, Нов Зеланд, Бахами, Барбадос, Гренада, Естонија и Исланд.

Чад и Бангладеш биле најзагадените држави во светот во 2024, откако тамошните просечни нивоа на смог биле 15 пати поголеми од препораките на СЗО. Зад нив се Пакистан, Демократска Република Конго и Индија. Во Индија се наоѓаат 12 од 20-те најзагадени градови во светот, при што на првото место се најде Бирнихат, сместен во силно индустријализираниот дел на земјата. Препорачаните нивоа на СЗО од најмногу пет милиграми ПМ2.5 честички на кубен метар биле забележани во само 17 отсто градови во светот лани.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Eкс градоначалниците на Кочани, Димитровски и Илијев добија куќен притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Eкс градоначалниците на Кочани, Димитровски и Илијев добија куќен притвор

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ЗАГИНАА ВО ИТАЛИЈА: Комбето се судрило со камион

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ЗАГИНАА ВО ИТАЛИЈА: Комбето се судрило со камион

MOJСОСКА ЗА СНИМКАТА КАДЕ РАДОВИШАНЕЦ ТЕПА БРЕМЕНА ЖЕНА: Ова е општество на лудаци на слобода

MOJСОСКА ЗА СНИМКАТА КАДЕ РАДОВИШАНЕЦ ТЕПА БРЕМЕНА ЖЕНА: Ова е општество на лудаци на слобода

ПЕТАР ШАПЕ: Ќе поднесам иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј Ѓорѓиески-ДНК

ПЕТАР ШАПЕ: Ќе поднесам иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј Ѓорѓиески-ДНК

(ВИДЕО) СТИПЕНДИЈА ЗА ЈОВАН КОСТАДИНОВ: Mицкоски рече дека тој е светла точка во деновите на темнина

(ВИДЕО) СТИПЕНДИЈА ЗА ЈОВАН КОСТАДИНОВ: Mицкоски рече дека тој е светла точка во деновите на темнина

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Двајца поранешни градоначалници пуштени во куќен притвор

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Двајца поранешни градоначалници пуштени во куќен притвор

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици

ТАРАВАРИ: Пет пациенти од странство се враќаат во Македонија, а четворица и натаму се во критична состојба

ТАРАВАРИ: Пет пациенти од странство се враќаат во Македонија, а четворица и натаму се во критична состојба

Јан Фрчкоски се повлекува од функцијата во СДСМ

Јан Фрчкоски се повлекува од функцијата во СДСМ