18 Декември, 2025
0.1949

И Зоран Ставрески стана бизнис консултант, откако основа своја фирма

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Некогашниот вицепремиер за економски прашања Зоран Ставрески од оваа недела си отвори своја фирма - финансиско консултативно биро, како последен во низата поранешни министри за финансии кои се одлучија на ваков чекор да ја понудат својата експертиза на пазарот со овој тип на советодавни услуги.

Ставрески од изминатите денови е сопственик на „Закс Консалтинг Дооел“ во центарот на Скопје, додека истовремено е еден од 17-мината официјални надворешни советници на премиерот Христијан Мицкоски, во неговиот случај за финансии и банкарство.

Ваквиот потег на поранешниот вицепремиер во владата на Никола Груевски следува откако до крајот на мај беше во потесниот неформален „список“ на кандидати за гувернер на Народна банка. Откако универзитетскиот професор Трајко Славевски беше официјално предложен за челната функција, стана јасно дека Ставрески нема да ја предводи централната банка.

Ставрески е венчален кум на поранешниот премиер Никола Груевски. Покрај неговата финансиска експертиза, стана познат на јавноста по неговата улога во т.н. „бомби“, односно серија прислушувани телефонски разговори на раководството на тогашната власт. По подолго отсуство од јавниот живот, по локалните избори во 2021 година Ставрески се враќа во партиските тела, а сега откако ВМРО-ДПМНЕ ја освои власта е меѓу советниците на премиерот.

И Драган Тевдовски, првиот министер за финансии во владата на поранешниот премиер Зоран Заев,како бизнис консултант ќе се обиде своето знаење и искуство да го пренесе деловнички на клиенти откако пред неколку месеци ја основа фирмата „Даталитикс ОРГ“.

Тој е втор поранешен министер за финансии од претходната власт кој по политиката ќе се испроба и во бизнис секторот како консултант, откако лани есеноска Фатмир Бесими како главен извршен директор ја основаше „Srategers“, компанија за бизнис консалтинг и услуги.

За разлика од Тевдовски и Бесими, кои се универзитетски професори по економија, Ставрески иако има магистерски трудови, но никогаш не бил дел од академските збиднувања во земјата.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа