29 Септември, 2024
0.0261

Технолошките гиганти се во паника – Москва ги ликвидра од пазарот!

Објавено во: Анализа 23 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Рускиот парламент подготвува нова легислатива, која ќе ја ограничи зависноста на државниот апарат од странските технологии. Потегот на Москва доаѓа како одговор на санкциите, наметнати на некои руски компании од САД и би можел да им наштети на продажбите на фирми како Microsoft и International Business Machines (IBM). Долниот дом на рускиот парламент - Државната дума, е во процес на изготвување на закон со кој ќе бара од владините агенции и државните компании да даваат предност на домашните производители на софтвер и хардвер, според документот на комисијата за стратешки информациони системи. "Тоа се прави поради санкциите", изјави извршниот секретар на Комисијата Андреј Черногоров. "Замената на увозните софтвери и хардвери со локални такви при сегашните напнати меѓународни односи е клучна за остварување на самоснабдување и независност", додаде тој. Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама ги заостри санкциите против руски банки, енергетски и други компании на 16 јули. Следниот ден авион на малезиската авиокомпанија беше соборен над Источна Украина, со што украинската криза влезе во нова фаза. Уште откако беа наметнати првите санкции над руската страна, Владимир Путин најави дека поддржува замена на увозот со локална продукција, за да се ограничи ризикот за економскиот раст на земјата. IBM, Microsoft, Hewlett-Packard, Cisco Systems, Oracle и германската SAP SE реализирале вкупно 285 милијарди рубљи (8,1 милијарди долари) приходи од Русија во 2013 година, според податоците на Руската академија на науките. Околу 77% од продажбата биле од договори со владата или државни компании. Комисијата побрза со работа на законот, откако доби информации дека американските технолошки компании можат да ги прекинат услугите за руските банки и компании во духот на санкциите, рече Черногоров. Предлогот ќе може да се гласа во септември, прецизира тој. Поради недостигот на регулативи во постсоветска Русија, кои би ги регулирале јавните набавки во технолошкиот сектор, туѓото производство претставува 67% од користениот софтвер во земјата, додека 90% од хардверот е странски, според комисијата. Тоа крие ризици од присуството на "бубачки" или "дупки", поставени од страна на производителот, кои можат да му дадат пристап до доверливи информации, посочи Черногоров. К.К.