ИДНАТА НЕДЕЛА ПОЧНУВА СЕЗОНАТА: Хрватите подготвени да ги пречекаат првите гости
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 24 Мај, 2020
Хрватска од идната недела ја почнува летната туристичка сезона.
До крајот на мај патувањето ќе биде олеснето за Словенија, Австрија, Унгарија, Чешка и Словачка, а во текот на јуни за Германија, Полска и други држави.
Хрватскиот туристички сектор, преку Хрватското здружение за туризам, презентираше план за отворање на туристичките капацитети и препораки за туристички патувања во Хрватска.
Ќе се отворат камповите во Истра, Кварнер и Далмација, како и некои хотели до крајот на мај, а целосното отворање на повеќето хотели и сите други туристички услуги на дестинациите се очекува во текот на јуни.
Хрватските граници се отворени за туристи. По влегувањето, туристите мора да имаат потврда за резервација за сместување, а на границата ќе добијат упатства за безбеден престој во земјата.
Се изработува и туристичка апликација, со која гостите ќе можат однапред да го најават своето пристигнување и којашто ќе им овозможи побрзо да ја преминат границата.
Црна Гора веќе ја почна сезоната, а таа полека ќе се нормализира и во Грција.Инаку, Црна Гора веќе нема нови случаи со коронавирусот.
Сопствениците на сместувачките капацитети во соседна Бугарија се должни на секој турист да му обезбедат заштитна маска и заштитни ракавици.Се советува да се избегнува употреба на фен за коса и автомати за пијалаци, како и клима уреди кои може да ги заменат за вентилатори.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.