Иднината на глобалната економија останува несигурнa
Објавено во: Економија, Свет 07 Април, 2016 11:42
Иднината на глобалната економија останува несигурна и постојат голем број на прашања во можноста на Европа да надмине нови шокови, вели претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги во својот годишен извештај во четвртокот, пренесува Ројтерс.
„2016 година нема да понуди помалку предизвици за ЕЦБ. Соочени сме со неизвесност околу изгледите за глобалната економија. Се соочуваме со прашања и за правецот на Европа и нејзината отпорност на нови шокови“, пишува Драги во извештајот. „Во оваа средина нашата посветеност кон мандатот ќе продолжи да биде сидро на доверба за луѓето во Европа“.
Тој додава дека програмата за квантитативно олеснување на ЕЦБ, во која ефикасно се печатат пари за откуп на државни обврзници, ќе го зајакне економското производство или бруто домашниот производ во еврозоната со околу 1,5 процентни поени меѓу 2015 и 2018 година.
Мерките за стимулирање на ЕЦБ може да бидат дополнително зголемени, ако економијата на еврозоната биде мета на нови шокови, рече пак главниот економист на банката Петер Прат во четвртокот.
„Ако се материјализираат нови неповолни шокови, нашите мерки можат да бидат калибрирани уште еднаш, пропорционални кон силата на реципрочните ветрови, земајќи ги предвид и можните несакани ефекти“, вели Прат пред економисти во Франкфурт.
Без да се вклучува влијанието на засиленото квантитативно олеснување од март 2016 година „во однос на споредливио сценарио нашите мерки обезбедуваат значајна поддршка на производството и инфлацијата“, вели тој.
Еден пропратен ефект на сегашната политика на ЕЦБ е дека негативните каматни стапки ги притискаат маргините на банките, што според нив го прави обезбедување на кредити потешко.
„Ако инфлацијата остане ниска, тоа нема да биде затоа што политиката е неефикасна, а бидејќи во меѓувреме нови шокови се ја нападнале економијата“, рече Прат. „Затоа зголемувањето на политичките мерки е соодветен одговор на растечките претстојни ветрови“.
Растот на цените во 19-члената монетарна унија е под целните 2% на ЕЦБ во последните три години. Дури со квантитативно олеснување за над 1,7 трилиони евра досега централната банка не предвидува враќање кон оваа цел пред крајот на 2018 година.
Инфлацијата во еврозоната беше негативна за втор месец во март, според заменик-претседателот на ЕЦБ Витор Констанциј може да биде тешка борбата за нејзино враќање кон целните ниво пренесе „Bloomberg“.
„Еден од проблемите е тоа што сега гледаме дека има секундарни ефекти, што значи дека негативната водечка инфлација“ ја инфицира „и основната кога ги исклучиме цените на енергијата и храната“, додаде заменик-претседателот.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




