09 Октомври, 2024
0.0860

ИЕА: Глобалната побарувачка за гас ќе порасне за 2,5 отсто во 2024 година

Објавено во: Економија, Свет 26 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Во 2024 година, глобалната побарувачка за гас ќе порасне за 2,5 отсто на годишно ниво, односно за 100 милијарди кубни метри.

Ова се наведува во прогнозата што денеска ја објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) на веб-страницата на организацијата.

Глобалната побарувачка на гас се зголеми за само 0,5 отсто минатата година, бидејќи растот во Кина, Северна Америка и некои други земји во Африка и на Блискиот Исток го неутрализираше падот на побарувачката во некои други области.

Во 2023 година, потрошувачката на природен гас во Европа падна за седум отсто на годишно ниво, на најниско ниво од 1995 година. Брзото проширување на обновливите извори на енергија и зголемената достапност на нуклеарна енергија придонесоа за овој пад, посочува ИЕА.


Растот на побарувачката и ограничената понуда на течен природен гас (ЛНГ) би можеле значително да придонесат за флуктуација на светските цени на гасот во текот на годината.

Меѓународната агенција за енергетика забележува дека цената на гасот во 2024 година може да биде под влијание на различни геополитички фактори, како што е конфликтот во Украина или на Блискиот Исток.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Што покажува трговската размена со светот и каде се загуби извоз вреден 313 милиони евра?

Што покажува трговската размена со светот и каде се загуби извоз вреден 313 милиони евра?