Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија
Објавено во: Економија 08 Октомври, 2024 10:43
Министерот за економија Бесар Дурмиши даде отчет за првите 100 дена од своето работење и рече дека одлуката за ограничување на профитните маржи до 10 отсто кај некои основни прехранбени производи е особено видлива, но кај некои продукти немало намалување на цените.
- Првичните анализи кажуваат дека цените се намалени во просек од 5 до 10 отсто, кај некои намалувањето на цените е помало, или воопшто го нема - како на пример лебот, маслото за јадење и млекото, додека кај други производи имаше значително поголемо намалување - месо, зеленчук, млечни производи, сирење, кашвала и друго,рече Дурмиши.
Заштедата на месечно ниво, според Дурмиши, со актуелната кампања во едно четиричлено семејство би била од 690 до 1.360 денари. Очекува цените да се намалуваат и натаму во наредниот периопд со регулацијата на трговијата на големо со Законот за нефер трговски практики.
- Производите во маркетите се оние што ги имаат на залиха и се продаваат по стари цени. Кога ќе се потрошат залихите, кога ќе се направат новите фактури, односно кога трговците и снабдувачите ќе се усогласат, тогаш новите производи ќе се понудат со намалени цени, рече Дурмиши кој додаде дека очекува ефектот од Законот за нефер трговски практики да биде видлив на крајот на октомври, вели тој.
Министерот додаде дека во Собранието треба да се донесе ново законско решение за реорганизација на Комисијата за заштита на конкуренција, со кое таа ќе може да излезе на терен и да казнува доколку не се почитува Законот за нефер трговски практики.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен
Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува
Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени
Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати
Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце
Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува





