ИЕА: Цените на нафтата во благ пораст до 2020
Објавено во: Анализа 10 Февруари, 2015 17:15
Цените на нафтата би требало да пораснат постепено со сегашните под 50 на 73 долари за барел до 2020 година бидејќи засега е слаба побарувачката поради лошата економска динамина во светот, оценува Меѓународната агенција на енергија (IEA).
„Пазарот релативно брзо би требало да се опорави, но оправувањето ќе биде релативно ограничено, со цени кои ќе се стабилизираат на повисоки нивоа од сегашните (под 50 долари за барел), но ќе бидат далеку под цените во последните три години“, се наведува во извештајот на агенцијата за прогнозата на среден рок.
Се очекува цените на нафтата оваа година да достигнат 55 долари, а 73 долари во 2020 година, наведува агенцијата со оценка дека ова е „ново поглавје“ на пазарот на нафта кое се „променило“ бидејќи понудата е поголема, а побарувачката помала.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





