05 Декември, 2025
0.0359

ИФЦ ќе ги обучува македонските директори

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2012 10:51

Добивај вести на Viber

Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) и Европската конфедерација на здруженија на директори (екоДа)  потпишаа договор за заедничка соработка а прв корисник од договорот е Македонскиот институт на директори, кој од јули е нов член на екоДа.
ИФЦ и екоДа ќе му помогнат на Институтот уште повеќе да ги развие своите услуги за компаниите и нивните директори, промовирајќи ги принципите на доброто корпоративно управување. Со тоа ќе се овозможи подобрување на работењето на компаниите и јакнење на нивната способност да привлечат инвестиции и да се развиваат.
“Ова партнерство со ИФЦ ќе ни овозможи да го промовираме доброто корпоративно управување во Македонија и во поширокиот регион“, изјави Патрик Цурштрасен, претседател на одборот на директори на екоДа.
Во периодот меѓу 29 октомври и 1 ноември во Скопје ќе биде организирана обука за „Лидерство на одборите на директори“, која е наменета за 15 партнерски институции на ИФЦ од 10 земји во регионот, со цел да им се помогне да понудат квалитетни услуги за обука на директори, на одржлива основа. Во рамките на програмата, компаниите ќе добијат совети за спроведување на најдобрите практики за управување со друштвата. Со програмата, исто така, се прават напори да се зголеми капацитетот на институциите за давање услуги поврзани со корпоративното управување во Албанија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Грузија, Ерменија, Казахстан, Косово, Македонија, Молдавија и Србија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен