20 Декември, 2025
0.0427

Игор Стефановски-Иџе во партнерство со „Макпетрол“ до врвни резултати на европските авто-трки

Објавено во: Мои пари 19 Април, 2023 10:38

Добивај вести на Viber

Македонскиот автомобилски шампион Игор Стефановски-Иџе и „Макпетрол“ ја продолжија долгогодишната соработка со цел достигнување уште подобри резултати во европските натпреварувања. Стефановски викендов во Франција беше меѓу 190 пријавени учесници на првата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки. Тој триумфира на првата трка, а се пласира на третата позиција во генералниот пласман.

Десет дестинации се дел од ова натпреварување, а сезоната ќе биде затворена во септември во Хрватска. Претходно ќе има трки во Австрија, Шпанија, Португалија, Чешка, Италија, Полска, Швајцарија и Словенија. На сите овие соочувања со најсилната европска конкуренција Стефановски ќе ја има целосната поддршка од „Макпетрол“.

- Изминативе неколку години, особено со почетокот и со текот на пандемијата, беа особено тешки за сите спортисти. Несомнено, не беа поштедени и тие што се дел од автомобилизмот, но како и претходно, така и во тие моменти можев да се потпрам на поддршката од „Макпетрол“. Моите планови и амбиции се долгорочни, посветено работам истите да ги остварам, а особено ми е драго што такви вредности споделувам и со една од најреномираните и најуспешните компании во Македонија - истакна Стефановски за продолжувањето на соработката со „Макпетрол“.

Стефановски претходните години се натпреваруваше во најелитите шампионати на кружни патеки, односно тие што го опфаќаа целиот европски континент, потоа Италија, како и Источна Европа. Во 2022 година, по седум години пауза, тој се врати на ридските патеки, каде што и ги освои највисоките признанија.

- Нашите планови како компанија никогаш не се кратковиди, сосема спротивно, секогаш размислуваме долгорочно и оваа бизнис-практика од која се водиме речиси осум децении ја применуваме и при поддршката на заедницата. Дел од овие активности несомнено се и спортистите, а кај Стефановски уште одамна ја забележавме посветеноста и шампионските амбиции и за нас беше најприродно да помогнеме да остварува врвни резултати. Со продолжувањето на оваа соработка се надеваме дека достигнувањата ќе бидат уште повисоки - велат од „Макпетрол“.

Игор Стефановски-Иџе е активен на автомобилските патеки од 2001 кога дебитира на кружните трки на шампионатот во Македонија, а во 2004 година истиот и го освојува. Осум домашни титули следуваат до 2013, а во 2014 и во 2015 година тој е најдобар на европскиот континент во ридските натпреварувања. Во следните години Стефановски учествуваше во најелитните трки на кружни патеки, а од 2022 повторно е дел од Европскиот шампионат на ридски патеки каде што со поддршка од „Макпетрол“ ќе учествува и годинава.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии