Игрите на Капитол Хил
Објавено во: Анализа 02 Октомври, 2013 08:55
Главниот проблем е секако Обамакер, законот кој треба да го обележи владеењето на претседателот на САД и неговата администрација и да овозможи пристап до здравствено осигурување на сите американци. Веројатно никој не го знае точниот ефект од законот и во зависност од тоа од каде доаѓаат информациите добивате различни исходи. Републиканците велат дека со законот дефициот ќе се зголеми, додека демократите тврдат дека напротив и покрај тоа што во период од десет години трошокот ќе биде 1,7 милиони долари на крајот државата ќе има бенефит од неговото воведување.
Оние кои нема да вклучат ќе плаќаат казни, ќе се зголемат некои даноци и ќе има помалку трошоци во Медикер програмата. Овие приходи ќе предизвикаат затварање на дупката од 1,7 трилиони долари. Меѓутоа никој точно не може да знае како во пракса сето тоа ќе функционира.
Еден од изворите за финасирање на овој закон е данокот на медицински помагала. Пејсмејкери, апарати за комјутерска томографија и сл. Со данокот ќе се зголемат приходите за 29 милијарди долари или 2,9 милијарди годишно. Републиканците се противат на овој данок и инсистираат истиот да биде тргнат. Значи се работи за ставка која е 0,08% од целиот федерален буџет.
Тогаш зошто толку врева?
Дека играта не е така наивна, покажува податок дека компаниите кои произведуваат вакви производи се стационирани во региони во кои со години наназад се гласа за демократите. Вкупно 400.000 луѓе работат во овие компании и како што рековме претежно се демократски гласачи. Републиканците делува дека се определија за точка која најмногу може да ги погоди токму нивните противници и тоа баш каде што најмногу боли. Директорите на компаниите секако дека се согласни со овој притисок велејќи дека законот ќе предизвика отпуштања, намалување на инвестициите....
Се поставува прашањето зошто Демократите не попуштат?
Како што би рекла рекламата за чипс, ако ти дадам тебе ќе треба да им дадам и на другите. Иако се работи за мал износ, што веројатно може или да го компензираат или да пројдат и без него, фактот дека ќе прифатат отстапка ќе предизвика револт кај секој што би бил погоден со реформата(даноци не се зголемуваат само тука). Дополнително маржите кои ги остваруваат овие компании се исклучително големи и не е така страшно збирно да платат 2,9 милијарди долари.
И така играта започна, 0,08% или 2,9 милијарди долари закочија трошење од близу 4 трилиони долари колку што е буџетот на САД.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





