Иле Костадиновски нов директор на РЕК Битола
Објавено во: Економија 03 Септември, 2024 14:05
Иле Костадиновски е поставен од раководството на АД ЕСМ за нов в.д директор на РЕК Битола, најголемиот производител на електрична енергија во земјата.
Костадиновски доаѓа на местото на досегашниот управител Пеце Матевски, а за него единствено е познато дека е дипломиран правник по професија.
АД ЕСМ за нов прв човек пред десетина дена го именуваше Лaзо Узунчев, поранешниот директор на синџирот маркети за бела техника „Нептун“.
Во состав на Управниот одбор на друштвото во државна сопственост, покрај Узунчев, истовремено беа именувани следните членови: Реџеп Асани заменик-генерален директор, како и членовите Ѓорѓи Ѓорѓиевски директор за правни и општи работи, Зоран Коњановски директор на производство, Виктор Јовановски директор за комерцијални работи, Иван Стојановски директор за финансиски работи и Владимир Пејоски директор на развој и инвестиции.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




