26 Ноември, 2024
0.0321

Илија Димовски: Благој Ханџиски и Марјан Ѓорчев да ги водат преговорите со Бугарија

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Долгогодишниот пратеник Илија Димовски предлага актуелниот и претходниот амбасадор на Македонија во Софија - Марјан Ѓорчев и Благој Ханџиски, да ги водат преговорите со Бугарија за надминување на спорот.
„Република Македонија во Софија секогаш имала прекрасни и мудри луѓе за амбасадори, луѓе кои се ерудити, интелектуалци...Двајца од нив, за жал, повеќе не се помеѓу нас, Љубиша Георгиевски и Абдурахман Алити...

Но, последните двајца се живо интелектуално богатство за Македонија...Луѓе кои не само што се експерти во своите области, туку се и извонредни познавачи на македонската историја и борбата на македонскиот народ за своја културна и јазична самобитност..

Професорот Благој Ханџиски и господинот Марјан Ѓорчев оставиле траен траг во градењето на македонската држава во деведесетите, едниот како генерален секретар на СДСМ, другиот како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ...

Да предложиме на Владата, ако сакаме доверба, градење на национална позиција, интелектуална силина и храброст, токму овие двајца луѓе да ги водат разговорите со соседна Бугарија...Да видиме дали Владата и Собранието сакаат квалитет, ум, мудрост и патриотизам, или сакаат гол политички натпревар. Да покажеме еднаш дека знаеме да се обединиме и да градиме национална стратегија“, напиша поранешниот пратеник на својот профил на Фејсбук.
Бугарија вчера го блокираше донесувањето на преговарачката рамка за почеток на преговорите на Македонија со Европската унија, поради неисполнување на нивните барања во билатералните спорови.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав