12 Декември, 2025
0.1411

Илија Димовски: Македонија не може да прими бегалци од Авганистан

Објавено во: Македонија 16 Август, 2021 10:39

Добивај вести на Viber

Поранешниот пратеник и партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, се спротивстави на најабата на премиерот Зоран Заев дека Македонија е подготвена да помогне и да прифати цивилно наслеление од Авганистан на наша територија и дека за тоа ги информирал САД.
Според Димовски, тоа треба да го направат богатите и развиени земји, додека нашата ја нема основната инфраструктура, во ситуација, како што вели тој, кога домашните граѓани не може да ги добијат основните сервисни услуги од државата.
„Прво, Република Македонија во овие неколку години е држава без капацитет да ги пружа основните услуги и потреби на своите граѓаните. Од тука, уште повеќе, не е способна да обезбеди основни услуги за други.

Македонија во овие години покажа дека не може да обезбеди и не е способна за:

- редовен образовен систем;

- справување со короната, вакцинација и здравствени капацитети;

- доволно лекови за ретките болести;

- противпожарен систем, возила и навремено гасење;

- издавање на свидетелства за завршено образование;

- издавање на лични документи, сообраќајни таблици и слично;

- вода за пиење за Тетово и неколку други помали градови;

- градски сообраќај (безбеден од пандемијата) во Скопје;

- нормален пат (без да искршиш возило) до Охрид, Прилеп или Битола;

- откуп на земјоделски производи по исплатлива цена;

- справување со урбана мафија во Скопје, Охрид, Струга,...

- заштита на Охрид во рамки на статусот на УНЕСКО;

- вработување на млади;

- собирање на ѓубре од градовите;

- обезбедување на чист и здрав воздух (увезува кокс);

- редовен железнички патнички сообраќај кон Кичево и Кочани;

и многу други примери...

Второ, во Авганистан работеа и водеа бизнис стотици и илјадници компании од другите посилни европски држави.

Би било фер да се направи анализа колки компании од Белгија, Австрија или Шпанија создавале работа и заработка во Авганистан и според тоа да се понесе и одговорноста за овие трагични луѓе...

Трето, Македонија беше трета држава, мерено по глава на жител, со број на војници ангажирани во Авганистан. Македонија го даде својот придонес максимално и професионално.

Време е да почека другите европски држави да покажат цивилизациска вредност спрема бегалците од Авганистан.

Четврто, никој во овој момент не може да даде потврда каков пример на граѓани бегаат од Авганистан.

Дали се обични цивили (како што власта ќе сака да претстави) или се припадници на другите екстремни политички фракции и милиции како што гледаме на меѓународните телевизиски канали, прави голема разлика за Македонија.

Оваа држава е држава која не се справува ниту со обичниот уличен криминал, кражби и ситна продажба на дрога, а камоли да има капацитет да се носи со екстремни милитанти организации.

Петто, Зоран Заев како Премиер, ниту Владата со доделен (дефиниран) мандат од Собранието нема легитимитет и основа за легалитет за да одлучи сам\и за ова прашање.

Оваа држава има Собрание како основен носител на правото на одлучување делегирано од граѓаните.

Шесто, меѓународната заедница е должна спрема Македонија, не Македонија спрема неа.

После сите отстапки кои ги направи Македонија во овие 30 години, а се однесуваа и на внатрешните и на надворешните односи, за возврат не доби ни онолку колку што заслужи.

Простете, но имаме право да ви сме лути за тоа“, пишува Димовски во својот пост.


Можеби ќе ве интересира

Општина Аеродром за Зимзоленд: Земјиштето на кое е поставена манифестацијата е во приватна сопственост

Општина Аеродром за Зимзоленд: Земјиштето на кое е поставена манифестацијата е во приватна сопственост

„ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ НАПЛАЌАЛЕ УСЛУГИ ОД ПАЦИЕНТИТЕ КОИ НЕ СМЕЕЛЕ“: Клековски по контролите во Итна помош и Домашна посета

„ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ НАПЛАЌАЛЕ УСЛУГИ ОД ПАЦИЕНТИТЕ КОИ НЕ СМЕЕЛЕ“: Клековски по контролите во Итна помош и Домашна посета

ЦУК: Мал авион падна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

ЦУК: Мал авион падна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

СКЛАДИРАЛ ОТПАД ВО ДВОРОТ И ПЛАЌАЛ ЗА ДА МУ СОБИРААТ - Седум лица од Струмица добија кривична пријава за загрозување на животната средина

СКЛАДИРАЛ ОТПАД ВО ДВОРОТ И ПЛАЌАЛ ЗА ДА МУ СОБИРААТ - Седум лица од Струмица добија кривична пријава за загрозување на животната средина

Уапсен референт од Прилепската болница, проневерил 250.000 евра уплати од граѓани

Уапсен референт од Прилепската болница, проневерил 250.000 евра уплати од граѓани

(ВИДЕО) Пронајден убиецот на жената во гостиварско, сопругата ја кажа вистината пред полицијата

(ВИДЕО) Пронајден убиецот на жената во гостиварско, сопругата ја кажа вистината пред полицијата

Безбеден град ќе започне да функционира од 1 февруари 2026 година

Безбеден град ќе започне да функционира од 1 февруари 2026 година

До 23 декември пријавување за манифестацијата „Украсуваме по скопски“

До 23 декември пријавување за манифестацијата „Украсуваме по скопски“

ВТОР ОБИД ЗА ПРОДАЖБА НА СТАНОВИТЕ НА ГРУЕВСКИ НА ВОДНО - цените се намалени

ВТОР ОБИД ЗА ПРОДАЖБА НА СТАНОВИТЕ НА ГРУЕВСКИ НА ВОДНО - цените се намалени