ИЛИЈА ГЕЧЕВ ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНОТ ВО ДРУШТВО НА КОЛЕГИТЕ ОД КЛУБОТ 100 - Азески, Костов, Јосифовски, Анѓушев и Илоски со првиот човек на ИГМ Кавадарци
Објавено во: Економија 24 Октомври, 2023 17:02
Познатиот бизнисмен и заменик-претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Илија Гечев го прослави својот роденден во друштво на членовите на Клубот 100.
Роденденскиот ручек на Гечев, организиран во скопска кафеана, беше израз на пријателство и обединување на индивидуалните и професионалните постигнувања на членовите на Клубот 100, престижна организација во рамките на Стопанската комора, составена од видни бизнисмени, претприемачи од различни индустрии и сектори на македонската економија.
Гечев, како генерален директор на ИГМ Трејд АД Кавадарци, е долгогодишен член на Клубот 100 и активно придонесува за подобрување на бизнис средината и економските услови во земјата.
Во друштво на Гечев беа претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, Кочо Анѓушев, претседател на УО на „Брако Групацијата“, Андреа Јосифовски, претседател на УО на „Макпетрол“, Хари Костов генерален извршен директор на Комерцијална банка и Илија Илоски, главен-оперативен директор на Комерцијална банка.
Фотографии: Вангел Тануровски
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




