21 Декември, 2024
0.0264

Илија Николов во „Бизнис Муабети“: „Актива“ ќе ги гради маркетите на „Лидл“, 25 отсто од приходите ни доаѓаат од „Ван Хоол“

Објавено во: Економија 11 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Илија Николов е основач и сопственик на „Актива3, најголемата компанија од Штип која изведува метални конструкции за фабрики и други големи објекти, како и шасии и автомобилски делови, пред се за странскиот инвеститор „Ван Хоол“. Машинскиот инженер во поткастот „Бизнис Муабети“ со Мишко Иванов вели дека неговата фирма сега има обрт од 50 милиони евра годишно, но пресуден момент бил доаѓањето на странските инвестиции во слободните индустриски зони.

- Јас сум еден од најголемите коцкари во Македонија, иако не сум влегол во коцкарница. Треба да имате осет каде и како да влезете во еден проект и успешно да го реализирате - со кои партнери и како да го изменаџирате. Тоа го пренесов и на синовите, а успешно ги научивме и позитивните работи од западните фирми кои дојдоа во Македонија, пред се коректноста, професионализмот и сериозноста. Станува збор за ланец на снабдување кој треба да функционира на дневно ниво и не треба да има доцнење, вели Николов.

Вели дека присебноста му е од тоа што потекнува од работничко семејство, но и дека се консултира со бирото Рафајловски и Комерцијална банка

- Со Лидл влегуваме во проекти.Нашата компанија во дистрибутивниот центар во Куманово ќе ја прави кровна конструкција која тежи 2-3 илјади тони. Актива ќе гради нивни маркети, обострано се стекнува едно доверие и после е лесно да се донесе одлуката да се потпишат договорите, иако секогаш треба да се направи добра анализа пред да се склучи некој аранжман, додава Николов.

Во короната кризата, додека немало работа за основната дејност, направил комплекс со 360 станови во Штип,но голем дел од нив ги купиле неговите работници и високообразовниот стручен кадар.

- За 85 отсто од учеството тие се задолжија кај комерцијалните банки, додека останатите 15 отсто им беше субвенција од „Актива“. Зборуваме за некаде од 8.000 до 12.000 евра „субвенција“ по стан и тоа ние го дадовме на нашите инжинери. Тие се задоволни и лојални. Живеат веќе неколку години во тие станови и задоволни се. Се потешко може да се дојде до квалитетни кадри и работници. Тоа ние мораме да го негуваме, смета генералниот директор на „Актива“.


Компанијата досега направила 18 конструкции во слободните индустриски зони, но и логистички центри и спортски објекти. Од 2012 во автомобилската индустрија е главен добавувач на Ван Хол, со комплетни шасиски делови и целата метална конструкција. Шасии се изработуваат и за рударски машини, влечни приколки за аеродромскиот сообраќај,како и за машини за асфалтирање.

- До 2012 се занимававме со ситни домашни занаетчиски работи, но со доаѓањето на првите компании во тирз-зоните ние храбро влеговме во трката, успеавме да ги договориме Џонсон Контролс и Ван Хол. Со тоа од мала компанија од вкупен приход од 5 милиони евра, во 2013 пораснавме на 20 и нешто милиони евра. Тоа ни овозможи да размислуваме за брз развој на компанијат. Сега имаме 500-тини вработени и остваривме за ланската година приход од околу 50-тина милиони евра. 25 отсто од приходите доаѓаат од Ван Хоол

Но, се ре реивестира во машини, добивката оди во реинвестирање и затоа развојот на нашата компанија е голем, дури и странците се чудат како така брзо успеавме да пораснеме. Ние имаме 40 милиони евра вложено досега во високотехнолошки машини. Една чини по милион евра, но за нас тоа е иднината,тврди тој.

Николов открива и кој е мотивот за странските инвеститори да доаѓаат во Македонија. Просечната плата која ја дава е 560 евра.

- Калкулацијата на Ван Хоол за исплата на нето-плата по работник во Белгија е 2.000 евра и осигурување 800 евра. На тие пари 92 отсто се плус придонеси.Тоа е околу 5.500 евра трошок по работник,.а сега е околу 6-7 илјади евра, но од овие пари работникот ќе земе само мал дел, вели Николов.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

ПРОБЛЕМИ ВО РЕК БИТОЛА: Исклучени два термоблока, се работи на враќање во функција

ПРОБЛЕМИ ВО РЕК БИТОЛА: Исклучени два термоблока, се работи на враќање во функција

СДСМ: РЕК Битола е надвор од функција

СДСМ: РЕК Битола е надвор од функција