16 Мај, 2024
0.0504

ИНТЕРВЈУ СО ПАТРИК ФОРВАРД, ГЛАВЕН ОПЕРАТИВЕН ДИРЕКТОР НА ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС

Иловица-Штука ќе биде модерен рудник, што ќе го помага и развојот на земјоделството

Објавено во: Мои пари 07 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Најголемата гринфилд инвестиција во Македонија, вредна 340 милиони евра, ќе придонесе за  подобрување на животниот стандард на локалната заедница во околината на рудникот Иловица-Штука, како и на раст на националната економија, тврдат од Еуромакс Ресоурцес. Нејзиниот главен оперативен директор Патрик Форвард вели дека тоа е само еден аспект од проектот, во чиј развој е предвидена максимална заштита на животната средина, заштита на здравјето на луѓето и услови за поголем и побрз развој на земјоделството во Струмичкиот регион. Еуромакс изработи Студија за оцена на влијанието врз животната средина согласно македонското законодавство, како и интернационална Студија за оцена на влијанието врз животната средина и социјални аспекти согласно барањата на инвеститорите, и двете покажале дека ризиците се незначителни и може да се управуваат. Затоа Еуромакс понуди и независен мониторинг на работењето на рудникот, во којшто ќе се вклучат и претставници од заедницата. За нивниот рудник, велат дека ќе биде модерен и ќе се развива паралелно со земјоделството во околината.

Фактор: Можете ли да опишете како ќе изгледа рудникот Иловица-Штука, односно колку навистина ќе ја деградирате животната средина?

Рудникот ќе нема негативно влијание врз животната средина, односно, нема да ја деградираме животната средина. Напротив верувам дека ќе воведеме пракси кои ќе помогнат таа заштита да се унапреди и кај останатите бизниси и индустрии. Локалната заедница преку нашата инвестиција ќе добие економски поттик што ќе го овозможи тоа.

Рудникот ќе изгледа како секој друг рудник со отворен коп каде се преземени низа мерки за заштита на животната средина, ќе биде опремен со модерна технологија и се разбира околу него ќе постојат услови за паралелно да се развива земјоделството, кое е карактеристично за струмичкиот регион. Отворениот коп наликува на каменолом за варовник, и ќе се наоѓа на спротивната страна на ридот до селата Иловица и Штука. Целиот рудник и постројките за преработка на рудата нема да бидат видливи од селото. Екстракцијата ќе се врши со фрагментирање на карпата користејќи високо контролирани количини и тип на експлозив. Експлозиите ќе бидат едвај чујни за најблиските жители. Фрагментираната карпа на лентата за транспорт ќе се товари со багер. И тоа, парчињата во кои има бакар и примеси на злато продолжуваат на дробење, а отпадот ќе се користи за изградба на насипната брана. При тоа, прашината е минимизирана со континуирано прскање на водата. Електричната транспортна лента ќе ја пренесува рудата до постројката за преработка, каде се врши флотацијата. Фабриката се наоѓа на еден километар од копот. Транспортната лента помага да се намали прашината. Во постројката, рудата се дроби до ниво на прав и се меша со вода да се добие кашеста маса. Со тоа почнува процесот што се нарекува флотација. Се додаваат агенси за пенење кои создаваат меурчиња и помагаат минералите кои содржат бакар и злато да се одвојат од карпата што нема вредност, што понатаму завршува во хидројаловиштето. Меурчињата со бакароти злато се собираат и тој состав понатаму се филтрира за да се издвои концентрат кој ќе содржи околу 24% бакарен метал и примеси на злато.

Водата и агенсите за пенење се собираат, водата се филтрира и се користи одново во флотацијата. Концентратот, пак, ќе се испраќа на преработка во топилница во Бугарија со користење на регуларните патишта. Објектот е на околу два километри од најблиските куќи во Штука и Иловица и делумно е скриен од поглед бидејќи се наоѓа зад ридот.

Фактор: Дел од рудникот ќе биде и браната за хидројаловиштето, која привлече голем интерес  кај дел од населението. Дали ќе биде стабилна, безбедна?

Таа ќе биде безбедна и проектирана е така да трае со векови. Браната е дизајнирана да издржи екстремно силен земјотрес. Самиот дизајн на браната е со соодветни заштити од истекувања во случај на екстремни поплави. Тоа ќе биде камено-насипна брана, а материјалот што ќе се користи за градба е каменот што ќе биде отпад при фрагментацијата на земјиштето на отворениот коп. Насипот е со блага косина, која обезбедува стабилност на браната и се вклопува со падините од околниот природен пејзаж. Сите овие карактеристики гарантираат голема стабилност на браната. Во однос на хидројаловиштето, основата ќе се обложи со гео-текстилна мембрана која ќе спречи секакво истекување. Всушност и количината на влажен песок задржан од насипот е помал од количината вода што се собира во повеќето водени брани во Македонија. Со текот на времето влажниот песок ќе се исуши и по затворање на рудникот, просторот околу браната и од хидројаловиштето ќе може да се пошуми.

Фактор: Како ќе ги заштитите водите од евентуалното загадување?

Речното корито на реката Штука ќе се премести со цел водата од оваа река да нема контакт со хидројаловиштето. Таа ќе се премести над хидројаловиштето, ќе го заобиколи и потоа ќе се врати во своето корито и ќе продолжи да тече без да има контакт со хидројаловиштето.

Фактор: За проектот Иловица - Штука велите дека ќе биде модерен рудник на можност. Што претставува модерен рудник?

Модерен рудник значи рудник каде се превземени мерки за заштита на животна средина и на здравјето на луѓето. Клучните компоненти и карактеристики на еден модерен рудник веќе ги опишав во описот на нашиот иден рудник. Односно под модерен рудник се подразбира да нема никакви испуштања од рударската инфраструктура во локалните води, контрола на прашина на сите патишта за да се осигури дека не постои загадување, постојана контрола на водата и воздухот, посветеност да се користи соодветна гео-текстилна мембрана во хидројаловиштето, максимално рециклирање на техничката вода, дизајн на насипи отпорни на земјотреси, програми за инвестиции во заедницата, рехабилитација на локацијата по затворањето на рудникот во шума и пасиште и друго. Со проектот Иловица-Штука ќе се подобри и водоснабдувањето на домаќинствата во Иловица и Штука, а предвидуваме и независен мониторинг за рудникот за да се осигуриме дека сме ги исполниле овие ветувања.

Фактор: Зошто велите модерен рудник на можности, можности за кого?

Покрај користењето на најдобрите достапни технологии кои гарантираат дека нема негативно влијание врз здравјето на луѓето и животната средина, рудникот истовремено ќе го подобри севкупниот животен стандард во регионот. Можностите  се во новите вработувања за локалното население, што ќе помогне да се намали миграцијата на луѓе од Македонија, особено од југоисточниот дел. Ќе работиме со локални образовни институции и агенции за вработување и ќе им помогнеме на заинтересираните луѓе да разберат кое работно место ќе им одговара според вештините и способностите и соодветно ќе ги обучиме. Ќе следи и раст на локалната и националната економија, односно, рудникот ќе биде од корист и за другите бизниси. Ќе се создадат услови да се зголемат приходите на семејствата кои, исто така, имаат интерес во земјоделството. Друга можност се обуката и совладувањето на нови вештини согласно широкиот спектар на слободни работни места од геодети до секретари, квалификувани машински оператори до медицински сестри. Вештините кои ќе може да се применат во рудникот, ќе може да се применат и во други бизниси. Во можностите е и подобрување на инфраструктурата, односно ќе инвестираме милиони евра нови патишта, далноводи и водовод. Овие ќе бидат од корист за сите бизниси во регионот, снабдувањето со електрична енергија ќе биде постабилно, загубите на вода ќе се намалат и приоритет за користење на  вода ќе имаат жителите и земјоделството. Плаќањето на даноци и концесиски надоместоци ќе го зголемат буџетот на локалните општини и на државата.

Одговорното искористување на вредноста на природните ресурси како што се земјоделското земјиште, шумарството и минералните ресурси е клучен дел на сите развиени економии.

Фактор: Имате богато искуство во рударството. Зошто локалните жители не треба да се плашат од рудникот?

Секаде каде сум работел, рударството ја засилило локалната економија и животот на луѓето. Исто како и останатите бизниси, и добро проектираните и управувани рудници не се опасни и не загадуваат, ниту пак претставуваат опасност за другите бизниси. Постојат многу начини да се контролира дали рудникот е добро изграден и управуван. Сите тие механизми се предвидени за проектот Иловица-Штука. Направивме темелна студија за постојните услови во регионот, односно за да ги разбереме локалната средина и нејзината моментална состојба.. При тоа ја користевме најдобрата локална и меѓународна експертиза за извршување на проектите, односно нашиот тим од  консултанти и инженери се водечки експерти на глобално  и на национално ниво. Ги применивме сите критериуми за заштита на животната средина. Сите аспекти од управувањето на рудникот ќе се мониторираат. Воспоставивме и постојана комуникација со сите засегнати страни. Предвидовме независен мониторинг на изградбата на рудникот и понатамошното работење. Во проектот се вклучија одговорни инвеститори кои самостојно ќе го верификуваат проектирањето, изградбата и работењето и независно ќе ја проверуваат усогласеноста со признати меѓународни регулативи. ЕБРД е главен акционер и внимателно ја следеше и ја поддржа нашата работа досега, технички, еколошки и од социјален аспект. Нивните барања за изведба се меѓу најстрогите на глобално ниво. Работиме во согласност со сите национални регулативи и закони, односно соработуваме и ќе продолжиме да соработуваме со македонските институции за да осигуриме дека работиме согласно сите барања и стандарди.

Фактор: Колку ќе биде голем рудникот Иловица-Штука во споредба со другите рудници?

Во однос на рудниците во регионот, особено во споредба  го големите производители на бакар во Бугарија,  Иловица Штука ќе има помало производство. Во однос на рудникот Бучим, производството ќе биде малку поголемо. Сепак, внимателното планирање на локацијата и користењето на природната топографија како и начинот на складирањето на отпадните карпи и јаловината значидека се зафаќа мала површина за ваков вид на отворен коп Во однос на рудниците за бакар низ целиот свет од аспект на големината, проектот е мал до среден.

Фактор: Што ќе се случи за 20 години откако ќе се затвори рудникот?

Во првите години од работењето на рудникот ќе се формира фонд од 30 милиони евра наменети за рехабилитација на теренот. Тоа предвидува повторна вегетација со шума на насипот, повторна вегетација со шума и пасиште на површината на хидројаловиштето, рехабилитација на сите патишта што населението и шумското претпријатие нема да ги користи, отстранување на остатоци од сите машини и челични работи, како и израмнување на пределот каде според планот е предвидено да се наоѓа постројката. Овој предел може да се користи како парк или повторно да се вегетира според барањата и потребите на локалната заедница. Јамата од копот ќе прерасне во езеро, а секоја дополнителна количина на вода ќе се третира во филтер станица  финансирана од фондот.

Фактор: Дали навистина локалните жители се против рудникот, како што може да се заклучи од реакциите на одредени невладини организации?

Континуирано добиваме нови апликации за вработување, иако се уште немаме рудник. Не сме почувствувале општо непријателство во селата кои се во близина на локацијата каде треба да се наоѓа рудникот.Луѓето од заедницата се отворени за комуникација и во голем број сакаат да дознаат дали има услови побрзо да се отвори рудникот бидејќи очекуваат со рудникот да добијат избор за вработување, што сметаат дека ќе помогне да се намали иселувањето на младите лица. 



*Комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“