20 Декември, 2025
0.0595

Илустрација на три бајки од Македонија – нов проект на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ

Објавено во: Мои пари 01 Јуни, 2015 13:07

Добивај вести на Viber

Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ продолжува со својата мисија за поддршка на креативноста кај младите во функција на брендирање и креативна визуелизација на автентичните национални вредности.

„Бајки од Македонија“ е новиот проект на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“, на чија реализација ќе работи во текот на следната година. Проектот „Бајки од Македонија“ има за цел да го приближи македонското народно творештво до најмладите, пред сѐ децата од предшколска возраст. Имајќи го предвид јавниот интерес за реафирмирање на традицоналните вредности, младите креативци ќе работат на визуелизација на три бајки од македонското културно наследство, во насока на зачувување и негување на националните вредности.

Давајќи им модерен изглед на бајките од македонското народно творештво, идејата е да се приближат до најмалите и притоа да создаде бренд кој ќе биде препознатлив за оваа и сите следни генерации. Притоа, се создава можност за младите креативци да го изразат својот креативен потецијал во процесот на содавањето на  новиот бренд „Бајки од Македонија“, изјави Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“.

Logo so potpis

Од денес, па до 8. јуни годинава, Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“распишува конкурс за избор на издавачка куќа која ќе се вклучи во реализација на проектот. Конкурсот ќе биде објавен на веб страницата bravosine.mk. Избраната издавачка куќа ќе учествува во избор на бајките и нивна адаптација. Креативните решенија што ќе бидат користени за нивно илустрирање ќе ги работат млади дизајнери, а тие исто така ќе се избираат на јавен конкурс. Јавниот конкурс за младите кративци ќе се распише по изборот на Издавачката куќа која ќе биде партнер во проектот „Бајки од Македонија“. Најдоброто креативно решение повторно ќе биде наградено со парична награда од 200.000 денари.

„Бајки од Македонија“ е втор проект на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“. Минатата година успешно беше реализиран првиот проект на Движењетоза поддршка на креативноста кај младите и спој со македонските компании - проектот „Слатко со идентитет“. Младите креативци работеа на изработка на нова етикети и амбалажа за седумте видови на слатко произведени по традиционална рецептура на компанијата „Јоми Фуд“ од Велес, која исто така беше избрана на конкурс. Победничкото решените „Фрутело“ на Далибор Смилески и Мартин Стојмировски ја доби првата награда од 200.000 денари.  Слатката на „Јому фод“ со новата етикета и амбалажа веќе може да се најдат во малопродажба во земјава, но и во странство.

Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ - „Браво сине“, чија цел е поттикнување и поддршка на талентот и креативноста кај младите во функција на создавање силни национални брендови го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија - Иво Лауренчиќ. Голем број претставници на јавниот живот, бизнисмени, уметници, членови на академска заедница, како и луѓе од креативната индустрија од земјава и целиот регион, дадоа поддршка на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ - „Браво сине“во насока на исполнување на овие цели.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии