Им починал близок, па кршеле во Ургентниот центар ГОБ „8 Септември“
Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2016
Триесетина лица синоќа ја искршиле влезната врата и внатрешните простории во Ургентниот центар ГОБ „8 Септември“ поради смрт на близок роднина и пријател.
Тие го зела со себе телото на починатиот. Од полицијата велат дека околу 19 часот во болницата е донесено непознато лице кое лекарите се обиделе да го реанимираат, но по неуспешните обиди лицето починало. Луѓето кои дошле со него, почнале да кршат се околу себе. Тие влегле дури и во просторијата за реанимација.
„Кршеа се пред себе, влегоа насилно и во собата за реанимација. Го земаа починатиот и со возило без регистарски таблички го однеле во непознат правец. Неколку екипи од МВР се уште вршат увид во болницата, се проверуваат снимките од камерите“- изјави директорот Сашо Стојчев.
Во инцидентот од синоќа нема повредени.