Им смета што Миликије е од СДСМ, ама не и кога добиваат поддршка за Чаир, Тетово, Гостивар
Објавено во: Анализа 17 Октомври, 2017 07:59
Победата на Миликије Халими како кандидат на СДСМ во општина Арачиново е еден од најшокантните политички настани годинава од причини кои се очигледни. Првата жена и Албанка градоначалник на Арачиново сепак, не беше топло прифатена од сите Албанци бидејќи веќе има злобни коментари за нејзината партиска припадност. Од друга страна тие што и даваат поддршка велат дека таквите замерки се дволични бидејќи не може да им пречи што СДСМ им донесе победа во Арачиново, а да прифатат поддршка за нивните кандидати во Чаир, Тетово, Гостивар и останатите општини од Западна Македонија.

Победата на Халими покажа дека поддршката на Албанците за СДСМ е многу подлабока и пореална од тоа што злобните усти и политичките противници сакаа да го прикажат. Да, навистина љубовта меѓу Зоран Заев и Албанците во Македонија започна со изјавите дека има прислушкувани разговори за повеќе предмети кои се од нивно исклучително значење како заедници меѓу кои Монструм, Диво Насеље и други предмети, но соработката продолжи на многу поинтезивно ниво за пораз на власта на Груевски иако и Ахмети беше почетокот на нишан.

СДСМ и ДУИ се во коалиција на централно ниво, но на локално ниво интегративците досега освоија само две општини во првиот круг. Можеби со помош на СДСМ ќе успеат да победат во Чаир, Тетово и Гостивар каде имаат предност во првиот круг за да има мир во куќа и социјалдемократите да покажат дека се достоен партнер за да се одржи парламентарното мнозинство, но по овие избори сосема е извесно дека ќе се оди на нови парламентарни избори каде бројките ќе бидат драстично поразлични.
Додека во Арачиново на претходни митинзи се скандираше „УЧК, УЧК,“, сега на шега велат дека ќе се скандира „Во борба, во борба“, но сосема е јасно дека албанската поддршка за СДСМ и меѓуетничката соработка, доверба и рушење на бариерите ќе донесат нови перспективи како за политиката така и за самото општество на кое му треба релаксирање од целиот национализам и вистинско градење на граѓански перспективи.
Секако, од Халими очекуваме што побрзо да го започне и проектот за изградба на канализација( а, не федерализација) во Арачиново за да покаже дека е за решавање на реалните проблеми на граѓаните, а не искористување на еуфоријата околу Заев и СДСМ за политички ќар.
Автор: Христијан Станоевиќ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





