ИМА ДОГОВОР: Мицкоски објави колкав заем ќе добие земјава од Орбан
Објавено во: Економија 11 Јули, 2024
Унгарската Влада ќе позајми на македонската Влада сума од 500 милиони евра.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека со унгарскиот колега, Виктор Орбан имал плоден разговор.
„Разговаравме за неколку теми меѓу кои и темата којашто можеби за македонските граѓани е најважна, а тоа е дека двете влади се договорија во иднина да воспостават специјална економска соработка, нешто што ќе значи сигурност и нешто што ќе значи финансиска стабилност за нашата македонска економија. Во името на таа соработка се договоривме дека веднаш сега одговорните лица, министерствата за финансии на двете Влади да отпочнат процес во којшто Унгарската Влада ќе и позајми на Македонската Влада сума од 500 милиони евра под следните услови, а тоа се камата од 3,25 проценти, три години грејс период, и 12 години рок на отплата, што е вкупно 15 години. Имајќи предвид дека воспоставуваме специјална економска соработка, тоа ќе подразбира дека во иднина кога ќе има потреба од такво нешто, ќе можеме повторно да се обратиме до нашиот специјален економски партнер, а тоа е Унгарската Влада и да побараме поддршка дополнителна што ќе биде потребна за македонската економија“, рече Мицкоски.
Премиерот ја информира македонската јавност дека овие 500 милиони евра ќе бидат употребени на следниот начин: 250 милиони евра директно поддршка за македонската економија под истите услови, 3.25 проценти камата, три години грејс период, 12 години рок на отплата или вкупно 15 години.
„Македонската економија ќе добие услови кои што до сега не можела да ги добие на економскиот и финансискиот пазар, а 250 милиони евра ќе бидат наменети за капитални проекти кои што ќе бидат изведени во општините и ќе бидат исклучиво наменети за потребите на граѓаните. Македонија се сака со дела, продолжуваме понатаму и овде во Вашингтон. Денеска завршува НАТО Самитот, завршуваме со одбележувањето на 75 години од формирањето на НАТО Алијансата. Продолжуваме попладне за Њујорк , а утре и задутре имаме средби со македонските иселеници таму“, вели Мицкоски.
Претходно се споменуваше дека заемот ќе изнесува една милијарда евра.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.