02 Јануари, 2025
0.9613

„ИМА ИНСТИТУЦИИ ВО ДРЖАВАТА КОИ ТРЕБА ДА ВОДАТ СМЕТКА ЗА ТАА РАБОТА“: Мицкоски за директорот на АНБ

Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Националната безбедност на заслужува да биде тема во јавноста, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на пратеничко прашање во Собранието во врска со назначувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Тој и посочи на опозицијата да не прави политика од овој случај, појаснувајќи дека постојат институции кои што треба да водат сметка за таа работа.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска, во рамки на 18. собраниска седница постави пратеничко прашање до премиерот Мицкоски, покажувајќи документи од „свиркачи“ за, како што напомена, незаконско назначување на Бојан Христовски за директор на АНБ. 

Филипче обвини дека Бојан Христовски не го исполнува условот за пет годишно раководно искуство, а нема ниту документ за положен англиски јазик, потенцирајќи дека тој приложувал фалсификувани документи.

Мицкоски на ова одговори дека Христовски има девет години раководно искуство.

- Што се однесува до Бојан и тој што ви ги дал тие податоци, ве носи во длабока дупка, не само што има пет, тој има девет години раководно искуство. Не сакав да бидам на тоа ниво да го спуштиме безбедносниот сектор во државата. Не сакам да разговарам на тоа ниво, затоа што мислам дека националната безбедност не заслужува да биде тема во јавноста - рече Мицкоски.

Тој е на ставот дека постојат институции во државата кои треба да го проверат ова. Одговорајќи на ова пратеничко прашање поставено од Филипче, Мицкоски од собраниската говорница појасни дека има сертификати од директорите поставени од СДСМ и напомена дека истите ќе му ги даде на министерот за внатрешни работи за како што рече, да допре гласот и до него.

- Во ред, вие сте решиле да правите политика од ова. Легитимно е од опозиција, но вие мислите дека на тој начин ќе добиете нешто. Но, јас ќе ви покажам сличен сертификат од личност која седи до вас. Знаете колку има вакви сертификати, сакате да ги видите сертификатите за директорите кои што ги назначи СДСМ. Немојте од ова да правите политика, има институции во државата кои што треба да водат сметка за таа работа, додаде Мицкоски.

Одговорајќи на пратеничко прашање од Филипче во врска со договорот со „Бехтел и Енка“, Мицкоски рече дека проектот за изградба на коридорот 8 и 10д, најпрвин беше срам и понижување кон поранешниот министер за транспорт и кон поранешниот премиер и обвини дека во Парламентот се носеа закони кои немаа поврзаност со европските закони, се злоупотребуваа европските вредности и македонското право и устав.

- Коридорите 8 и 10 д, биле дел од програмата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и владата на ВМРО-ДПМНЕ многу долго време. Она што вие го направивте, посебно во проектот наречен „Бехтел и Енка“, а јас ќе го наречам проектот за изградба на коридорот 8 и 10д, најпрвин беше срам и понижување кон тогашниот министер за транспорт и кон тогашниот премиер. Ги доведовте во подредена положба да им се смеат и да си играат мајтап со нив коалициските партнери, на начин на кој што овде во Парламентот носевте закони кои немаат никаква врска со европските закони и ги злоупотребувавте европските вредности и македонското право и устав. Го злоупотребувавте и европското знаме впрочем. Да, бевме против тоа, рече Мицкоски.

Прашан дали документот ќе биде објавен и достапен за јавноста, Мицкоски рече дека „Бехтел и Енка“ е класифициран документ, и се проверуваат сите можности овој договор да го декласифицираат и да го покажат на македонската јавност. 


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КУМАНОВО ЛИ Е, ГАЗА ЛИ Е: Коментар за масовното пукање петарди и огномети

(ВИДЕО) КУМАНОВО ЛИ Е, ГАЗА ЛИ Е: Коментар за масовното пукање петарди и огномети

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ ДЕСЕТИНА МЕРКИ ЗА СТРУМИЦА: Два дена воздухот е екстремно загаден

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ ДЕСЕТИНА МЕРКИ ЗА СТРУМИЦА: Два дена воздухот е екстремно загаден

ИСЕЛУВАЊЕ: По првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици

ИСЕЛУВАЊЕ: По првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици

САРАЕВО, СКОПЈЕ, ПРИШТИНА: Високо на листата меѓу најзагадените градови во светот

САРАЕВО, СКОПЈЕ, ПРИШТИНА: Високо на листата меѓу најзагадените градови во светот

НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО ИТАЛИЈА: Бездомник од Македонија е пронајден мртов

НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО ИТАЛИЈА: Бездомник од Македонија е пронајден мртов

МНР ЗА МАСАКРОТ ВО ЦЕТИЊЕ: Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани, нашите мисли се во вас

МНР ЗА МАСАКРОТ ВО ЦЕТИЊЕ: Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани, нашите мисли се во вас

„ВТОРА ФАЗА НА ЖИЧНИЦАТА ОД СВЕТИ ЈОВАН ДО СРЕДНО ВОДНО“: Томовски вели привилегиите за функционерите се минато

„ВТОРА ФАЗА НА ЖИЧНИЦАТА ОД СВЕТИ ЈОВАН ДО СРЕДНО ВОДНО“: Томовски вели привилегиите за функционерите се минато

АЛКОХОЛОТ НЕ Е ГЛАВНИОТ ВИНОВНИК ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ: Овој орган повеќе страда од други намирници

АЛКОХОЛОТ НЕ Е ГЛАВНИОТ ВИНОВНИК ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ: Овој орган повеќе страда од други намирници

СЕ СОБИРААТ ПАРИ ЗА ТЕЛОТО НА ПОЧИНАТИОТ ВИКТОР ДА СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Починал на 23 декември, потребни се осум илјади евра

СЕ СОБИРААТ ПАРИ ЗА ТЕЛОТО НА ПОЧИНАТИОТ ВИКТОР ДА СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Починал на 23 декември, потребни се осум илјади евра