Има ли економска логика: Економијата во рецесија, невработеноста се намалува?
Објавено во: Економија 04 Јули, 2013
Економијата во рецесија, индустриско производство во континиран пад, а статистика мери раст на вработеноста. Овие трендови се спротивни на економската логика и затоа Владата треба да објасни како резултат на што се намали невработеноста – оценуваат економистите.
Академик Таки Фити вели дека во земјава има нелогични процеси.
“Во тој контекст во Македонија имаме атипични однесувања помеѓу она што го викаме производствен јаз и јаз на невработеност. Значи имаме состојба кога економијата е во рецесија, а расте стапката на вработеност, односно се намалува стапката на невработеност, што е обратно од економската теорија “ – оценува академик Фити.
Според последните мерења на Заводот за статистика, невработеноста во првиот кавртал изнесувала 29,9%, што се смета за едно од историски најниските нивоа досега.
Академик Фити ја повикува Владата да одговори дали намалената стапка е резултат на административни мерки, вработувања во приватниот или вработувања во државниот сектор.
“Важно е Владата да биде транспарентна, и не само Владата туку и другите инстиуции да обелоденат кои се ефектите од законските измени поврзани со правата на корисниците на социјална помош. Дали намалувањето на невработенсота е резултат на бришење од списоците на невработени. Следно важно прашање е колкав е ефетот од отвроање на нови работни места, не општо, колку работни места се отвориле, туку колку работни места се отвроиле во приватниот сектор. Знаеме дека во јавна администрација вработувањата се спроведуваат по неекономски критериуми да не речам, по политички и партиски критерумуи. Тоа прави проблем и тоа е таа состојба која покажува атипични движења“ – објаснува академик Фити.
И според универзитетскиот професор Предраг Трпески, сегашните бројки не ја отсликуваат реалната слика за невработеноста.
“Факт е дека порастот на БДП и намалувањето на невработеноста одат рака под рака. Значи ако имате зголемување на економската акитвност би било очекувано да се намали невработеноста. Во Република Македонија особено последниве години имаме атипичност односно слаба економска активност и намалување на невработеноста“ – оценува професорот Трпески. Според економиситите, секја земја има природна стапка на невработенсот која ја одразува реалноста и секој обид за нејзино “вештачко“ намалуање може да има негативни ефекти врз економијата. БЛИСКУ ДО ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА – КАКО ЌЕ СЕ СЕРВИСИРААТ ДОЛГОВИТЕ?Јавниот долг на Централната Влада, кој заклучно со мај изнесува 34,2% од БДП, следната година ќе се дојде до границата од 35% од БДП, што може да се смета за критична граница –оценуваат економистите.
Едно е прашањето за висината на долгот, но клучно е како тој ќе се сервисира, вели универзитетскиот професор Предраг Трпески. “За мене не толку важно дали Јавниот долг е 32% или 34% од БДП, еве има и некои калкулации кои укажуваат на тоа дека до 2014 та година ќе достигне и 35%. Важно според мене е дали тој долг ние сме во состојба да го сервисираме. Да, има економисти што ќе речат еве и Америка има драматично голем долг а ние имаме простор уште да се задолжуваме. “ – вели професорот и додава : “Но јас долгот на државата го споредувам со долгот на едно семејство. Ако вие имате едно семејство што има 10 000 денари примања а долгот му изнесува 30%, тогаш тоа семејство треба да врати 3 000 денари и да живее со 7 000 денари. Но ако друго семејство има 100 000 денари приходи и е задолжено исто така 30% од примањата, тогаш треба да врати 30 000 денари, но сепак за живот му остануваат 70 000 денари, доволни за кавалитетен живот. Тоа е таа компарација на задолженост на земја со низок доход и земја со висок доход. И странските анализи укажуваат дека за една земја со низок доход, Јавниот Долг не смее да биде поголем од 35% зошто оној дел што останува да се троши е многу помал и во тој случај таа земја многу посиромашно ќе живее отколку онаа земја што има поголема задолженост но и поголем доход.“ – објаснува Трпески.Дел од меѓународните финасиски институции испратија порака да се внимава и дека Македонија треба да забави со сегашното темпо на задолжувања.
Во еден од документите на Министерството за финасии, насловен “Основни макроекономски индикатори и проекции“ се посочува дека за годинава Јавниот Долг на Централната Владата треба да изнесува 32,8%. Во истиот тој документ пишува дека Владата за периодот од 2010 та година до 2012 та година таргетира Долг на Централна Влада да не е повисок од 30% од БДП. Ова проектирано ниво е пробиено веќе во 2012 та година, кога долгот достигнува 33,8% од БДП.Според последните податоци на Народната Банка, во првиот квартал од годинава Бруто Надворешниот Долг достигна 5,5 милијади евра или 73,5% од БДП и во однос на салдото на крајот од 2012 та година, надворешната задолженост е зголемена за 333 милиони евра.
Најголем дел од долговите кон странство се на државниот сектор во вредност од 1 милијарда и 688 милиони евра. А.Д.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.