24 Април, 2024
0.1192

Има ли фирма во Македонија со просечна плата што надминува 1.000 евра?

Објавено во: Економија 10 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Клириншка куќа КИБС е компанија во сопственост на 12 домашни деловни банки и основна дејност и е клиринг односно порамнувања на меѓубанкарските плаќања. Во оваа фирма чие седиште е во Скопје, просечната нето плата е 1.000 евра месечно!

Вработените во Клириншката куќа КИБС веројатно се меѓу најсреќните лица во земјава, а речиси сигурно се едни од најдоброплатените вработени. Просечната месечна бруто плата лани во КИБС била 90.326 денари односно речиси 1.500 евра. Тоа значи дека просечната нето плата по вработен во КИБС надминува 60.000 денари односно 1.000 евра што е сон за секој просечен Македонец.

Официјалните податоци за оваа компанија, чија основна дејност е да ги порамнува трансакциите меѓу деловните банки во земјава покажуваат дека лани за трошоци на вработените исплатила 106,22 милиони денари. Компанијата има вкупно 98 вработени на крајот на 2016 година и тоа значи дека бруто годишна плата по вработен лани била 1,084 милиони денари (нешто помалку од 20.000 евра по лице во бруто износ). На месечно ниво просечната плата е 1.500 евра по лице.  

Повеќе од половина приходи одат за плати на вработените!

Податоците од финансиските извештаи покажуваат дека компанијата лани повеќе од половина од своите приходи ги потрошила за плати на своите вработени. Главна дејност на КИБС се интербанкарските порамнувања и заради тоа основен извор на приходи се провизиите и надоместоците. Од нив лани КИБС инкасирал 200,3 милиони денари што е за 17,5 милиони денари повеќе од тоа што инкасирал во 2015 година. Трошоците за вработените изнесуваат 106,2 милиони денари и тие во однос на 2015 година се повисоки за 10,2 милиони денари.
Добивката за акционерите за 2016 година е речиси еден милион евра односно 60,2 милиони денари. Основната заработка по акција е 2.464 денари за акција. Лани компанијата на акционерите исплатила 44 милиони денари дивиденда, а во 2015 година тој износ е 39,4 милиони денари. На крајот од 2016 година КИБС имал орочени депозити во износ од 121,85 милиони денари.

КИБС е основан во 2001 година, во текот на реформата на платниот систем во Република Македонија кога банките од Република Македонија ја основаа Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје(КИБС) како акционерско друштво. Освен клирингот, КИБС ги издава и дигиталните сертификати, го води единствениот регистар на трансакциски сметки, прима податоци за блокирани и деблокирани сметки. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?