Добивај вести на Viber
“ Секако дека сеуште не сме го организирале европскиот проект на таков начин за да можеме да бидеме сигурни дека тој ќе успее и ќе функционира . Тоа значи дека мораме да продолжиме да работиме на него . Има уште многу што треба да се направи , но јас сум оптимист дека ќе успееме “ – изјави германската канцеларка Ангела Меркел . Според неа , Германија може економски да напредува само доколку напредуваат и нејзините европски партнери , и затоа според Меркел мора да се продолжи со напорна работа за совладување на должничката криза и кризата на кункурентноста .