28 Септември, 2024
0.0247

Има ли повод за загриженост од нов имотен меур?

Објавено во: Анализа 28 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Една од главните причини за финансискиот колапс во 2008 година, која ја  предизвика најголема економска криза од 30-тите години на минатиот век наваму, беше имотниот балон, кој пукна спектакуларно и стави на колена некои од најголемите банки во светот. Во Европа, сепак последиците од падот во секторот на недвижностите беа сурови. Банкарскиот сектор во Ирска и Шпанија на пример многу брзо го следеше секторот на недвижностите во двете држави. Добрата вест сепак е дека довербата во тулите и бетонот во Европа се враќа, вклучувајќи ги  и оние кои во еден момент им  должеа на банките повеќе отколку што чинеа нивните домови, пишува интернет изданието euobserver.com. Глобалниот индекс на цените на недвижностите, пресметан од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), расте во седмото по ред тромесечје од годината, додека во 33 од вкупно 51 земји вклучени во индексот се евидентира рекорден раст. Според последниот извештај на Global Property Guide 8 од 10-те најслаби пазари на имот се наоѓаат во Европа. Генерално, сепак се обликува јасен тренд за зголемување на цените, посочува весникот. Најсилен раст на цените е забележан во Естонија - темпoтo на раст таму е 4 пати побрзo во споредба со напредувањето во соседните Латвија и Литванија. Се засилува и довербата во секторот на недвижностите во Ирска, која излезе од спасувачката програма. Цените на недвижностите во земјата паднаа до половина поради кризата, но минатата година беше забележано зголемување од 7,5%. Има ли повод за загриженост и колку сме сведоци на нормален процес на реконструкција или започнува нов неодржлив бум? Обновата на пазарот на имот обично е позитивен знак дека луѓето си ја враќаат довербата во нивните економски изгледи. Во секој случај во погодените од кризата држави од ЕУ имотот сеуште губи од вредноста, иако има знаци дека пазарот го достигна дното. Врската помеѓу имотниот колапс и општата рецесија е јасна. Според резултатите од анкетата на ММФ, од речиси 50 големи банкарски кризи во светот повеќе од две третини се предизвикани од издишување на станбени балони. Се поголеми се стравувањата на пример, дека економската преродба на Велика Британија се гради на грбот на бум во секторот на недвижностите. Европската комисија и други институции предупредија дека Владата на Велика Британија треба да преземе мерки во врска со ова. Прашањето е токму во тоа - што треба да направат политичарите. Мин Жу, заменик-управен директор на ММФ, сугерира дека главниот фактор за бумот во секторот на недвижностите е драстичниот раст на кредитите. Колку поголем е соодносот меѓу хипотекарните кредити и приходите, толку поголем е ризикот. Со други зборови "таванот" на задолженоста е најефективниот начин да се спречи катастрофа. Со исклучок на "жешки" точки како Лондон и Париз кои несигурно беа погодени од кредитната криза, европските пазари на станови се уште се во различни фази во фазата на закрепнување. Иако нема непосредна закана од друга несреќа, политичарите немаат причина да бидат премногу оптимисти. К.К.